Одберете кристал и добијте совет за вашата сегашна ситуација

Кој кристал најмногу ве привлекува во моментов? Одберете еден, и потоа прочитајте го советот кој ви е потребен во вашата сегашна ситуација. Можете и да го ставите каменот кој го одбравте во вашата збирка и некое време да медитирате со него.

odberete-kristal-i-dobijte-sovet-za-vashata-segashna-situacija-kafepauza.mk

1. Тиркиз

Ако го одбравте овој камен, вие најверојатно не ги искажувате своите мисли и емоции, и тоа на места каде што треба да го правите тоа. Одвојте малку време и медитирајте со овој камен во вашите раце. Замислете како поминува бела светлина низ вашата чакра во грлото која ги чисти сите енергетски блокади. Ако се грижите за мислењето на другите, имајте на ум дека кога ќе го кажете вашето мислење, тоа е за ваше добро.

2. Розов кварц

Во овој момент од вашиот живот имате некои проблеми кои ве спречуваат да почувствувате љубов кон некоја ситуација или личност. Таа личност можете да бидете и вие. Држете го каменот на чакрата во вашето срце и медитирајте. Замислете како низ неа минува розова светлина која ги отстранува блокадите. Можеби имате мисли и чувства од минатото кои треба да ги заборавите или прифатите. Можно е и да замерувате некому. Ако додека го читавте ова се сетивте на некоја личност, можеби таа личност е вашиот проблем.

3. Горски кристал

Во овој момент потребно ви е да ви се разјасни нешто за одредена ситуација од животот. Потребна ви е и енергија за да го направите тоа. Горскиот кристал е камен кој можете да го користите за психичка свест. Поставете го каменот на вашата чакра на врвот од главата и размислете за ситуацијата која ви претставува проблем. Вдишувајте од носот броејќи до 5 и издишувајте низ устата борејќи до 5. Замислете си како со секое вдишување енергијата на горскиот кристал ви помага да ги отстраните блокадите и јасно да ја видите ситуацијата.

4. Сафир

Се наоѓате во ситуација во која ви е потребно планирање и визија. Сафирот е камен кој се користи за психичка свест или психичка визија. Дали ви е потребна помош за вашата визија за да можете да продолжите напред? Или едноставно имате потреба да знаете што ќе се случи кога ќе тргнете по планот? Имате многу добра идеја бидејќи сте многу интуитивни, но сепак ви е потребна помош за да се придвижите напред. Потребна ви е помош да добиете визија за тоа како да ја завршите задачата за таа да им биде од најголемо добро на сите вклучени. Можете да го ставите сафирот под вашата перница за вашите соништа да ви помогнат со визијата за иднината.

Одберете и еден од овие кристали и дознајте што треба да промените во вашиот живот!

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар