Одберете ја својата муза – таа ќе ви даде насока и инспирација за вашиот животен пат!

Одберете ја својата муза – таа ќе ви даде насока и инспирација за вашиот животен пат!

Музите се инспиративни божици на книжевноста, знаењето и уметноста во грчката митологија. Тие се сметале за извор на знаење, како и за заштитници на сите креативни дела. Па, доколку сакате вашата муза да ви даде голема животна инспирација, одберете ја онаа слика што најмногу ве привлекува и дознајте каква порака ви открива музата на неа…

odberete-ja-svojata-muza-taa-kje-vi-dade-nasoka-i-inspiracija-za-vashiot-zhivoten-pat-www.kafepauza.mk

Првата муза

Оваа муза сака да ве потсети дека вашето семејство е најважно. Но имајте на ум дека семејство е секој што вие ќе го одберете за близок, а тоа значи и дека не мора да бидете крвно поврзани. Вашето семејство може да се состои од блиски пријатели, сакани личности, како и од роднини – сите оние со кои на некој начин сте силно поврзани. Никогаш не заборавајте дека овие луѓе се најважни во вашиот живот. Тие можат да го почувствуваат што вие го чувствувате, да знаат што правите и да ги разбираат вашите мисли, дури и без да разговарате со нив.

Втората муза

Оваа муза сака да ве потсети дека промената е дел од животот и дека нема од што да се плашите. Вие сте го започнале природниот циклус на раст и развој, па затоа и ви изгледа како сè во вашиот живот да се менува. Прифатете го ова и знајте дека е дел од вашето животно патување. Немојте да се борите против промените. Ако се чувствувате лошо, морате веднаш да направите нешто за да предизвикате некаква промена. Никогаш не заборавајте дека имате многу да му понудите на светот, па не се затворајте во сопствените мисли.

Третата муза

Оваа муза сака да ве потсети да почнете да се сметате за вредна личност што сама ги поставува темелите на својата куќа. Оваа куќа е всушност вашиот живот – без разлика дали се работи за студирање, кариера, нов животен избор, нова исхрана… вие самите одлучувате каде ќе одите и како ќе се движите. Но не брзајте се, одвојте си доволно време за да ги постигнете сите цели и верувајте во својата визија. Штом откриете точно што сакате, нема да можете да згрешите. За вас нема веќе да постои темнина и светлина – само живот, сиров, слободен и јасен живот.

Четвртата муза

Оваа муза сака да ве потсети на енергијата и мудроста на соништата. Можеби токму во овој момент се набљудувате, размислувате за себе и ги анализирате своите постапки, па немојте да се брзате – одвојте доволно време за размислување, мечтаење или делување. Одговорете си ги сите прашања и најдете решенија на сите проблеми што се кријат длабоко во вас. Време е за слушање, па слушајте си ги мислите. Оваа муза ве поттикнува да излезете од практичниот, логичен ум со цел да им пристапите на сите ваши цели со ведрина и радост.

Ако сте расположени за уште еден ваков тест, кликнете на небото што најмногу ве привлекува и дознајте темелна дефиниција за вашиот карактер!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар