Одберете ја кучешката раса според вашиот карактер

Одберете ја кучешката раса според вашиот карактер

Автор: Марија Митева

Има огромен број кучешки раси и невозможно е да ги поставиме сите во релација со човечките карактеристики. Но, се обидовме да сублимираме неколку човечки карактери и да најдеме по неколку раси со кои би си соодветствувале.

1-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

За луѓе со див и нескротлив дух

Ваимаранер

2-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Оваа раса најпрво била наменета како ловечка раса, а пак денес се екстра забавни кучиња. Со оваа раса игрите се бескрајни, прошетките се долги и динамични. Колку пати и да му го фрлите топчето, ова куче повторно ќе ви го врати, се чини како никогаш да не се изморуваат. Поради неговата хиперактивност, многу е важно постојано да му ја празните вишокот енергија и да почнете да го дресирате уште кога е мало. Така, нема да имате проблеми кога ќе го оставите само дома или пак доколку имате мало дете. Тие многу ги сакаат децата и навистина сакаат да си играат со нив, но бидејќи се полни со енергија може случајно да го турнат или удрат детето. Поради овие причини се препорачува секогаш да му ја држите под контрола неговата преголема енергичност, така што постојано ќе го изморувате со долги и динамични прошетки.

Сибирски хаски

3-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Овие кучиња се екстремно издржливи што не е ни чудно кога ќе го разгледаме нивното потекло. Најпрво тие биле приспособувани да влечат санки во екстремно ладни услови и непристапни предели, каде што ниедно превозно средство не би можело да успее. Токму затоа денешните хаски кои се чувани во градските средини како домашни миленици, се толку полни со енергија и имаат потреба за долги и разиграни прошетки. Но, внимавајте, овие кучиња уште ги викаат и уметници за бегање. Тие се способни да изрежираат бегства за какви не сте ни помислиле, затоа што често имаат „повици“ на дивината. Многу се силни и имаат висок одраз, нивниот скок може да достигне и до 2,44 метри. Но, доколку ги дресирате уште од мали и правилно им ја насочувате енергијата вие не би имале проблем со оваа раса. Хаските се одлични пријатели на децата.

Стафорд бул териер

3.0-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Стафорд бул териерот е мала динамична мускулна топка. Овие кучиња влегуваат во групата на енергични кучиња. Бараат бесконечно долги прошетки. При дресирањето на оваа раса морате да земете предвид дека имате работа со исклучително тврдоглаво куче, но тие се многу лојални и стабилни пријатели кои секогаш се полни со љубов. Иако на прв поглед изгледаат застрашувачки, тие не се опасни за луѓето меѓутоа не се баш пријателски настроени кон другите кучиња.

За весели и темпераментни луѓе

Кокер Шпаниел

4-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Кучето- птичар и денеска ја има таа улога. Но пред сè е фамилијарно куче кое обожува да биде во центарот на вниманието кај газдите. Не е премногу темпераментни, но сака да си игра и да се дружи со други луѓе, кучиња, па дури и со мачки. Овие кученца се многу мили и се одлични за семејства каде има и мали дечиња.

Златен ретривер

5-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Љубезен, пријателски настроен, достоен за доверба, со овие карактеристики може да се опише златниот ретривер. Се сметаат за едни од најинтелигентните кучиња. Оваа раса е создадена за домашни услови, затоа што се одлични за семејства со мали деца, па и за лица на кои им е потребна дополнителна нега. Златниот ретривер никогаш нема да покаже агресија кон луѓе или други кучиња, иако е заштитнички настроен кон своите сопственици. Тие се издржливи кучиња и се подготвени да соработуваат во какви било услови и да останат фокусирани на дадената задача. Па затоа внимавајте да не им зададете преголеми задачи кои ќе ги работат толку посветено што може да ги донесе и до работ на колапс.

Црн руски териер

6-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Кај овие раси најсилен адут е карактерот. Тие се многу мирни, лојални, стабилни и храбри кучиња, кои многу лесно се прилагодуваат во текот на дресирањето. Тие првично се одгледувани за да бидат заштитници во заедниците, па и денеска не може да се исклучи нивната инстинктивност да заштитуваат. Знаат да бидат малку непријатни кога во домот ќе влезе непознат човек, но никогаш не би го нападнале. Единствено на што треба да се посвети внимание кај црниот руски териер да не дојде до преголема срамежливост или пак прекумерно еуфорично однесување.

За сите „мази“

Тибетски шпаниел

7-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Не толку позната раса, која поради сличностите во изгледот ја мешаат со пекинезерот. Оваа раса е уште нарекувана и како мачка-раса. Тие се екстремно интелигентни и имаат чудни интереси. Како на пример сакаат да гледаат пејзажи низ прозорецот. Немојте да се зачудите доколку го најдете ова кученце качено на маса како гледа кон прозорецот, тоа само ужива во убавините на светот. Тие секогаш го преплавуваат газдата со бакнежи. Сакаат да се социјализираат посебно со луѓето, но и гласно алармираат кога се чувствуваат небезбедно или пак кога во неговиот дом има некој непознат. Имаат многу љубопитен дух. Затоа надвор кога ќе го повикате, не чудете се доколку ја сврти главата и си продолжи по сопствениот пат. Но, секогаш се враќаат.

Бишон

8-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Исклучиво весели кучиња. Бишоните се кучиња кои секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, ќе ве следат секаде каде што вие ќе одите, ќе ви помага околу домашните задолженија, ќе спие со вас и ќе сака да се спријатели со секој што ќе наиде. Тие се одлични за со деца затоа што се многу грижливи, но знаат да бидат многу бучни кога се среќни, загрижени или незадоволни. Не бараат големи физички активности, единствено неколку кратки прошетки во текот на денот, но пак затоа бараат големо трпение од сопственикот во текот на дресирањето, затоа што знаат да бидат многу своеглави и тврдоглави.

Германски шпиц

9-odberete-ja-kucheshkata-rasa-spored-vashiot-karakter-www.kafepauza.mk

Кај оваа раса најважно е обучувањето, доколку уште на почетокот му покажете кој е газда, нема да имате никаков проблем со него. Тие ќе прераснат во прекрасни, дружељубиви, грижливи пријатели на луѓето. Многу се интересни затоа што сакаат да одат на задните нозе и да подрипнуваат, ќе ви изгледа како да играат или постојано да ве молат за нешто. Знаат да бидат бучни кога некој ќе ѕвони на врата, но тоа не е проблем со кој не можете лесно да се справите. Оваа раса е одлична и за со деца, затоа што е многу грижлива, но и затоа што тука ќе може да си го покаже својот потенцијал за лидерство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар