Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Раката на Фатима или „хамса“ е заштитна фигура поврзана со засолништето, богатството и силата. Хамса е амајлија во форма на дланка која е многу популарна во Средниот Исток и Северна Африка, а обично се користи како накит или украс. Хамсата претставува десна рака која се употребува како заштита од злобните очи.

Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Карактеристиките на вашата омилена хамса може да ви откријат кои се вашите скриени особини. Погледнете ја сликата, одберете ја вашата омилена хамса и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик…

1. Енергични и љубопитни

Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Вие сте многу активни, креативни и немирни. Сакате да истражувате и секогаш се обидувате да бидете расположени. Многу сте страсни и возбудени за новите работи во животот, без разлика дали станува збор за патување, нова работа или нови пријатели. Понекогаш поминувате премногу време размислувајќи за иднината, па тоа знае да ви предизвика грижи и потешкотии.

Главен животен предизвик: Да го контролирате интензитетот на вашиот живот и мисли. Ви треба помирен живот за да бидете поисполнети и посреќни.

2. Креативни, благородни и искрени

Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Многу сте чувствителни, а тоа ви овозможува да ја набљудувате околината. Лесно се вклопувате во нови друштва и многу добро ги разбирате луѓето. Благодарение на вашата чувствителност, вие можете да создавате прекрасни работи и да давате непогрешливи проценки. Меѓутоа, понекогаш истата чувствителност и искреност може да ве излаже и да бе натера да помислите дека луѓето не ве ценат доволно.

Главен животен предизвик: Научете да се прифатите и да се цените такви какви што сте, бидејќи вие сте неверојатни. Кога ќе го направите тоа, ќе го подобрите вашиот однос со себеси и со другите, бидејќи ќе бидете среќни и смирени.

3. Страсни и посветени

Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Вие секогаш донесувате големи одлуки. Кога сакате нешто, секогаш наоѓате начин да го добиете тоа и ниедна сила на светот не би можела да ве спречи. Вие живеете со полни гради, поради што некои луѓе може да ве сметаат за непристојни и застрашувачки.

Главен животен предизвик: Да најдете моменти на тишина за да ја обновите вашата душа. Иако не својствено за вас да седите и медитирате, ако научите како да размислите во тишина, ќе го намалите вашиот стрес и станете спокојни.

4. Дружељубиви и мирољубиви

Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Вие сте мирни, љубезни и топли. Многу го сакате семејството и вашите најблиски. Понекогаш помислувате дека светот е многу забрзано и несигурно место и сакате да избегате од него, на тој начин што создавате мирен и тивок простор за вас и вашите сакани. Знаете да бидете многу толерантни и ги прифаќате туѓите барања.

Главен животен предизвик: Да научите како да кажете „Не“. Нормално е тоа што не сакате да ги разочарате другите, но ако тие предложат нешто што не ви се допаѓа, мора да поставите граници, наместо тивко да се согласите и подоцна да се покаете.

5. Доследни идеалисти

Одберете ја дланката што најмногу ве привлекува и дознајте кој е вашиот главен животен предизвик

Вие сте уредни и внимателни. Навикнати сте правилно да ги завршувате работите уште од првиот обид. Мислите дека ако сакате да напредувате, најдобро е да го сторите тоа сами. Чувствувате потреба да ги смените работите што мислите дека не се добри и правилни, а тоа понекогаш ви предизвикува незадоволство.

Главен животен предизвик: Да бидете свесни дека понекогаш премногу се форсирате. Јасно е дека вашите планови се важни, но нема да можете да продолжите понатаму ако не се одморите и ако не си ги наполните батериите.

Доколку ви се допадна овој тест, одберете ја чакрата што најмногу ве привлекува и дознајте нешто повеќе за себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар