Одберете го бувот кој најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за својот карактер

Одберете го бувот кој најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за својот карактер

Бувот е најпознат по тоа што може да гледа и во мракот. Тој симболично ве води кон тоа да видите зад измамите и илузиите, а ви помага да видите и што се чува во тајност. Тој исто така ја симболизира способноста на поминување преку илузиите, за да се види нечија вистинска смисла на однесување или состојба на умот.

Одберете го бувот кој најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за својот карактер

Духот на овие животни ве поттикнува да гледате подалеку, во вистинската реалност или мотивите на една личност. Бувот е силен и духовит водич за темелно расудување и донесување одлуки. Ако имате був како тотем или духовно животно, тогаш најверојатно сакате да го истражувате непознатото. Ноќта е особено поволно време за изразување на креативноста, па затоа тогаш е најдобро да одвоите време и да се фокусирате на својата креативна енергија.

Кога бувот ќе се појави во вашиот живот, слушајте и внимавајте дури и на суптилните знаци околу вас. Тој исто така е водич кој ги открива вашите скриени потенцијали и способности. Бувот како духовно животно во многу традиции симболизира смрт, меѓутоа, тоа не треба да го сфатите буквално. Така, ако бувот е поврзан со смртта, тоа може да се види како симболична смрт што значи транзиција во животот или важни промени кои се случуваат или ќе се случат. Кога бувот ќе се појави во вашиот живот, обрнете внимание на промените. Можеби ќе оставите некои стари навики или ситуации кои не ви носат корист и за возврат ќе добиете нешто ново во животот.

Симболиката на бувовите:

  • Интуиција, способност да го видите она што не го гледаат другите
  • Присутноста на бувовите најавува промени
  • Способност да видите преку измамата и маските
  • Мудрост
  • Традиционално бувовите како духовни животни претставуваат предвесник на смртта, најверојатно симболички како премин во животот или промени.

Сега, погледнете ги овие слатки бувови и одберете го оној кој најмногу ви се допаѓа, а потоа подолу прочитајте што означува вашиот избор.

Тест: Одберете го бувот кој најмногу ви се допаѓа и дознајте нешто повеќе за својот карактер

Ако го избравте бувот под број 1

Вие сте многу љубопитна личност. Кај вас е развиена потреба за непрекинато учење нови и интересни работи и сте многу отворени. Но, ваша мана е „туркање на носот“ во туѓи работи, иако мислите дека тоа го правите со најдобри намери. Би било добро подетално да ја анализирате оваа карактерна особина и да поработите на неа.

Ако го избравте бувот под број 2

Вие сте многу љубопитни и наивни, а внатре во вас сѐ уште живее дете. Интересен ви е светот околу вас, но истовремено ви е тешко да живеете во средина на злото и непријателството. Вам не ви е лесно да се изборите самите со себе, но не грижете се, наскоро сѐ ќе се промени кон подобро.

Ако го избравте бувот под број 3

Вие постојано се „смрзнувате“ и вам може да ви биде студено дури и на 30 степени. Вие се плашите од сѐ, а тоа не вреди да си го правите самите. Надминете ги вашите стравови, ризикувајте и обидете се да ги правите работите кои ги сакате.

Ако го избравте бувот под број 4

Вие сте сигурни во себе и настојувате да освоите нови хоризонти. Но, постои нешто што ве спречува во тоа, а станува збор за вашата детска наивност. Пораснете, преземете ги одговорностите и ќе успеете во сѐ.

Ако го избравте бувот под број 5

Вие едноставно сте песимист по природа, тешко е некој да ве промени и не е лесно со вас да се воспостави однос. Менувајте се, работете на себе и луѓето ќе се однесуваат поинаку кон вас.

Ако го избравте бувот под број 6

Вие сте горда личност и по малку сте нарцис. На сѐ гледате од висина, од птичја перспектива. Не е мудро да живете така, поработете на ова и со вас ќе сакаат да се дружат добри луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар