Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака

Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака

Нашите ангели се секогаш околу нас, нѐ насочуваат и ни даваат заштита. Понекогаш, не сме потполно свесни за нивната присутност, но тоа не значи дека не можеме да ја добиеме нивната порака. На фотографијата подолу можете да видите 4 небесни симболи што се користат за одредена цел во ангелското кралство. Погледнете ги внимателно и одберете го оној кој најмногу ве привлекува. Потоа, прочитајте ја вашата ангелска порака…

Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака

Ѕвоно

Ако одбравте ѕвоно, тоа значи дека минувате низ „будење“. Ѕвоната се користеле за време на верските служби и прослави. Звукот на ѕвоното на прочистува застоената енергија и го убрзува доаѓањето на нови можности, луѓе, интереси, идеи и добро здравје.

Доколку сонувате ѕвоно, вашиот ангел бара од вас да направите „пролетно чистење“ на онаа животна област каде што имате потешкотии. Кога ќе го направите тоа, вратата за комуникација со ангелите ќе ви биде сосема отворена, бидејќи блокадата ќе биде отстранета.

Круна

Ако сте одбрале круна, тоа значи дека вашиот ангел ви става круна на главата како знак на честитање. Можеби сте биле доволно мудри за да ги искористите вашите вештини и покрај сите предизвици. Доколку сте успеале да го сторите тоа, најверојатно сте станале подуховни.

Не е случајно тоа што круната се поставува на врвот на главата, на местото каде што се наоѓа крунската чакра. Овој енергетски центар е многу важен за сите духовни врски. Ако сонувате круна, бидете многу задоволни! Тоа значи дека сте на пат кон спектакуларен духовен развој.

Харфа

Харфата произведува музика која резонира на посебна фреквенција и има смирувачко дејство. Вашиот ангел сака да ви порача дека ве очекува период полн со мир, прифаќање и среќа. Ако сте се чувствувале малку тажни или разочарани од животот, вашиот ангел ви вели да се опуштите и да уживате во иднина. Чувствувајте ги сончевите зраци на лицето, уживајте во животот. Треба само да го прифатите мирот што доаѓа кон вас.

Сѐ ќе биде добро, просветлувањето што го барате наскоро ќе пристигне. Ако сонувате харфа, вашиот ангел ве потсетува дека треба само да го одберете вистинскиот момент. Верувајте дека постои небесен ред на кој треба да му се покорите.

Меч

Мечот е симбол на архангелот Михаел. Ако го одбравте овој симбол, тоа значи дека свесно или несвесно го повикувате овој архангел за помош и заштита. Тој може да ви помогне да ги победите внатрешните демони, нездравите навики, стравот, негативноста и сомнежот во себе. Можеби се прашувате дали сте доволно посебни за да добиете ангелска порака. Одговорот е, да! Ако можете да бидете добри барем кон една личност или животно, тогаш го заслужувате ангелското внимание.

Главната работа на ангелите на Земјата е да го промовираат ефектот на брановите. Секој мал бран што ќе го создадете кога ќе покажете љубезност, покренува друг мал бран, сѐ додека не се создаде голем бран. Земјата и човештвото поминуваат низ кризен период и им требаат повеќе такви бранови за да преживеат. Токму затоа, вашата љубезност е од големо значење за ангелите!

Расположени сте да ја прочитате и вашата судбинска порака? Изберете го симболот што најмногу ве привлекува и кликнете на сликата за да ги прочитате резултатите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар