Од перфекционисти до психопати: Како да ги препознаете овие 5 типови личности?

Дали би препознале ако вашите пријатели се нарцисоидни или интровертни? Или можеби се само многу чувствителни? Спомнувањето на овие типови личности е често лекомислено, но дали знаете дека постојат знаци кои упатуваат кон фактот дека станува збор за луѓе кои ги исполнуваат овие особини? Психолошките експерти велат дека постојат сигнали на предупредување, а нивното познавање може да го предвиди идното однесување.

Од перфекционисти до психопати: Како да ги препознаете овие 5 типови личности?

1. Перфекционистите често го користат овој збор

Кај перфекционистите, проектот е или совршен или тотален неуспех, не постои средина. Дури и кога е во прашање мал пропуст, перфекционистите ќе бидат вознемирени или ќе осудуваат. Тие често го изговараат зборот „треба“, како на пример „Треба да го завршам ова претпладне“ или „Таа требаше да знае на што мислам“.

2. Нарцисоидните личности не се плашат да ве „фрлат под автобусот“

Постои здраво ниво на самодоверба и самопочит и постои нарцисоидност. Веројатно ви се познати следниве особини: Постојано барање пофални зборови, константно огледување или потребата секогаш да се биде во право. Меѓутоа, постои знак кој укажува на сите нарциси што е уште полош од претерано големото его – нарцисоидните личности секогаш ќе се обидуваат да се заштитат себеси со тоа што ќе се свртат против вас и ќе се обидат да ве посрамотат напаѓајќи го вашиот кредибилитет.

3. Интровертните личности имаат тенденција сами да ги поминуваат викендите

Постои разлика помеѓу срамежливоста и интровертноста. Ако некој е срамежлив, поголема група луѓе можат да му биде застрашувачка, но ако некој е интровертен, поголемите групи луѓе му се исцрпувачки. Можете да кажете дека познавате интровертна личност, доколку таа своите викенди радо би ги поминувала дома отколку на некоја викенд забава. Ако интровертната личност поминува време со вас тогаш сфатете го тоа како комплимент, бидејќи повеќето интроверти се многу селективни, особено ако се земе предвид фактот што одредени односи им ја црпат енергијата.

4. Екстремно чувствителните луѓе можете најлесно да ги воочите на гласните места

За многу чувствителните луѓе се вели дека емоционално подлабоко реагираат. Исто така, ним им е лесно да се почувствуваат претерано стимулирани. Тие се прилично свесни за своите тенденции, па се обидуваат да се вклопат со своите пријатели кои не се толку чувствителни што ги прави и лесни за забележување. Се проценува дека во светот има преку 300 милиони луѓе кои припаѓаат на овој тип личности.

5. Психопатите се доследни на нивното однесување

Психопатите се личности на кои им фали емпатија, искреност и друштвени емоции како срам и вина. За среќа, повеќето од нив не се насилни и агресивни. За да согледате дали некој е психопат или не, или е едноставно непристојна личност, тогаш разгледајте ја неговата „историја“. Главните карактеристики се лажењето, манипулацијата и општото непочитување на правилата. Она што сигурно ги открива психопатите е целиот „пакет“ на храброст, бестрашност, шармантност, суровост и доследност.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар