Обликот на градите говори за нејзините сексуални склоности

Италијанскиот сексолог Пјеро Лоренцони тврди дека карактерот на жените и нивните сексуални склоности, може да се проценат врз основа на обликот и големината на нивните гради. Еве како тој го дефинирал сексуалниот темперамент на неговите „испитанички“:

Обликот на градите говори за нејзините сексуални склоности

Диња

Спрема мислењето на овој италијански сексолог, жените со големи, кружни гради кои личат на дињи, можеби на прв поглед делуваат мајчински, но тоа е далеку од вистината. Таквите жени обожаваат да јадат, сакаат да им угодуваат и да им се восхитуваат. Воедно, тие не се премногу заинтересирани за секс.

Лимон

Градите со облик на лимони, укажуваат на „жешка“ партнерка. Таквата жена е полна со живот, умее да се насмее од срце и да се пошегува на своја сметка, а во креветот сака разновидност.

Ананас

Оние со овален облик на гради кои наликуваат на ананас, оставаат впечаток на интелигентни жени. Сопственичките на необично наречениот облик на гради, се успешни во својата кариера, а воедно се и романтични и верни љубовници.

Грејпфрут

Градите кои изгледаат како грејпфрут, укажуваат на жени кои ги одликува скромноста и едноставноста. Таа ќе го разгалува својот партнер и на неа, нежноста ѝ е поважна од сексот. Иако изгледаат многу еротски, сопственичките на такви гради се срамежливи, а во креветот немаат преголеми очекувања.

Портокал

Жените кои имаат два портокали под маицата, се самоуверени и добро знаат кои се нивните животни приоритети.

Цреша

Кога градите личат на цреши, станува збор за интелигентни, многу забавни и возбудливи жени. Тие се срдечни, друштвени, разумни, добри, сигурни во себе, но и малку површни. Тие се прилично посветени во сексот.

Круша

Жените со гради со облик на крушки ја сакаат љубовта и сите нејзини варијанти. Пријатни се, но и нескротливи и самостојни. И покрај тоа што не се премногу интелигентни, а честопати се и несмасни, тие сепак знаат како да ги повлечат мажите за нос. Неверни се, бидејќи ги сакаат авантурите, а сексот за нив најчесто претставува чиста екстаза.

Јаболко

Жените со јаболкови гради наводно се фригидни домаќинки, кои тешко доживуваат оргазам, но во креветот би пробале баш сѐ. Не сакаат да ги менуваат партнерите и најчесто се попаметни од своите мажи.

Домат

Жените кои имаат гради со облик на домати, според Лоренцони се преполни со љубов и во животот уживаат со цела своја душа. Тие лесно се заљубуваат и сакаат да бидат доминантни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар