Обидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 факти

Сигурни сме дека во моментов додека го читате ова вие седите. Но, откако ќе завршите со читање на овие факти, со сигурност ќе станете! Можеби дури и ќе почнете сериозно да размислувате за работна маса покрај која може да се стои…

Обидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 факти

1. Една студија од Велика Британија открила дека луѓето кои најдолго седат имале 112% повеќе шанси да развијат дијабетес.

2. Сакате поцврст задник? Стоењето може да ви помогне во тоа.

3. Една студија од 2012 година која вклучувала скоро 12.000 испитаници од Австралија открила дека гледањето телевизија 6 часа на ден може да го намали вашиот животен век. За скоро 5 години!

4. Предолгото седење ја намалува циркулацијата, а тоа може да доведе до згрутчување на крвта.

5. Некои истражувачи откриле дека без разлика на тоа колку вежбате, седењето сепак може да биде штетно за вас. Едноставно не можете да избегате од тоа.

6. Според една студија за сообраќајот од 2011 година, просечниот возач поминува 38 часа годишно заглавен во густ сообраќај. Тоа е премногу седење.

7. Според голем број студии, оние кои стојат поголемиот дел од денот се повеќе фокусирани и попродуктивни.

8. Една студија од 2013 година открила дека со стоењето се трошат околу 50 калории повеќе отколку со седењето. Со танцувањето се согоруваат уште повеќе!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар