Нож со кој совршено ќе намачкате тврд путер на леб

Дизајнери од британската пекарска компанија „Warburtons“ го креирале првиот нож кој има загреано сечило, со кое може ладниот и стврднат путер тукушто изваден од фрижидерот, идеално да се намачка на парче леб, без да направите дупки во лебот.Нож со кој совршено ќе намачкате тврд путер на леб Во сечилото на овој нож има компонента која се загрева со помош на две стандардни батерии. Ножот се загрева до температура од 41,8 степени Целзиусови, која е одредена врз основа на истражување спроведено на 3.000 луѓе, при што било откриено дека таа е идеалната температура за размачкување на путерот.Нож со кој совршено ќе намачкате тврд путер на леб Инаку, проблемот со мачкањето на путерот спаѓа во топ 5 проблеми поврзани со појадокот кај Британците, заедно со изгореното лепче и изладениот чај. Погледнете го видеото и кажете ни дали и вие би сакале ваков нож во вашата кујна. :)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар