Новогодишни елки кои ѝ пркосат на гравитацијата

Новогодишни елки кои ѝ пркосат на гравитацијата

Кога шетате низ трговските центри за време на новогодишните и божиќните празници, знаете дека најважното нешто е новогодишната елка. Но замислете да се соочите со елка која ѝ пркоси на гравитација.

(1)bozhikjni-elki-koi-i-prkosat-na-gravitacijata-kafepauza.mk

Овие збунувачки дрва може да се најдат во многу трговски центри и продавници оваа сезона. Всушност, можете дури и да си купите ваква елка за дома. Иако во нашите продавници сè уште ги нема, речиси сигурно можете да си порачате од Интернет. Овие елки навистина ќе ве натераат да помислите дека сега веќе сте виделе сè.

(2)bozhikjni-elki-koi-i-prkosat-na-gravitacijata-kafepauza.mk

Поставувањето на божиќните елки наопаку потекнува уште од средниот век. Ова го правеле Европејците за да го претстават светото тројство. Но денес божиќните елки се поставуваат така што врвот е насочен кон рајот, па некои луѓе мислат дека поставувањето наопаку е непочитување.

(3)bozhikjni-elki-koi-i-prkosat-na-gravitacijata-kafepauza.mk

Но овој начин на украсување повторно станува тренд оваа сезона, а елките веќе се пуштени во продажба и се претставени како новитет. Тие може да бидат закачени на таванот како лустер, може да бидат прицврстени на ѕидот, или пак да стојат на посебна сталажа.

(4)bozhikjni-elki-koi-i-prkosat-na-gravitacijata-kafepauza.mk

И да не ви се допаѓа оваа идеја, таа сепак си има свои предности. Ако имате мали деца ова е одличен начин да ги држите украсите на елката подалеку од нив. Ако чувате миленичиња ќе им биде потешко да го уништат вашето дрво. И само замислете колку подароци можете да ставите под оваа елка.

(5)bozhikjni-elki-koi-i-prkosat-na-gravitacijata-kafepauza.mk

Секоја година сме сведоци на нови случајни трендови кои навидум ги надминуваат претходните. Изгледа навистина уживаме во изненадувањата кои ни ги приредуваат. Како и сите нови трендови, и за овој мислењето на јавноста е поделено. Некои луѓе сметаат дека е вистинска уметност, додека други мислат дека е навистина глупаво. Дали вие би одбрале ваква елка оваа година?

Погледнете ги и овие стилови на украсување елки за сечиј вкус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар