Новогодишен тест: Одберете ја елката што најмногу ви се допаѓа и дознајте каква година ве очекува

Новогодишен тест: Одберете ја елката што најмногу ви се допаѓа и дознајте каква година ве очекува

Сигурно веќе со нетрпение чекате да заврши годинава и да почне новата. Во исчекување на празниците и новите почетоци, направете го овој симпатичен тест. Одберете ја елката што најмногу ви се допаѓа и дознајте каква година ве очекува…

Новогодишен тест: Одберете ја елката што најмногу ви се допаѓа и дознајте каква година ве очекува

Елка под број 1

Ќе имате успешна година, всушност таа ќе биде една од најуспешните во вашиот живот. Многу е важно правилно да ги поставите вашите приоритети, да ја одберете целта што ви е особено важна и да не трошите сила и енергија на други работи. Ќе постигнете голем успех, ако од самиот почеток го одберете вистинскиот правец.

Елка под број 2

Новата година многу ветува за вас. Одеднаш ќе ви се чини дека целиот свет се сетил на вас и дека на сите сте им станале потребни. Тоа е навистина така. Ќе имате многу планови за сите животни области. Нема да успеете сѐ да остварите сами, но некои од проектите што ги планирате ќе ги постават темелите на вашата иднина.

Елка под број 3

Ќе имате многу весела година. Дури и да сте во лошо расположение, тоа нема да ве спречи добро да се забавувате во новата година. Ќе имате многу причини за веселба и забава. Вашата искрена насмевка ќе привлече многу добри луѓе, како на работа така и во приватниот живот.

Елка под број 4

Годината ќе биде необична за вас. Дури и да ве предупредиле однапред за нешто, вие не би поверувале. Нареднава година толку многу ќе се разликува од вашиот секојдневен живот што нема да престанете да се изненадувате. Запомнете дека необичните и новите работи не се секогаш лоши.

Елка под број 5

Годината ќе биде многу спокојна за вас. Не ве очекуваат никакви непријатни изненадувања, сѐ ќе оди како што треба, онака како што сте посакувале. Искористете ја оваа година за да се одморите и да соберете сила за да направите сериозен чекор напред.

Елка под број 6

Годината ќе биде многу романтична за вас. Можеби ова ќе биде една од најромантичните години во вашиот живот. Ќе чувствувате нежност и топлина, а светот ќе го гледате низ розови очила. Годината ќе ви ги подари највозвишените чувства и задоволство во животот.

Елка под број 7

Годината ќе биде многу великодушна за вас. Сакате многу работи. Сакате сѐ што ќе ви падне на памет. Некој внимателно ќе ги слуша вашите желби и ќе ги остварува одвреме-навреме. Но, внимавајте, бидејќи исполнетите желби понекогаш не носат среќа. Внимавајте што посакувате, бидејќи може ќе ви се оствари.

Елка под број 8

Наредната година ќе ви биде како бајка. Дури и да сте скептични и цинични, оваа година ќе се случи нешто толку прекрасно и чудесно што нема да можете да најдете научно објаснување. Ќе живеете во сказна и сами ќе се претворите во херојот што ќе го победи змејот.

Елка под број 9

Ќе имате добра година. Светот ќе ги скрие своите заби и канџи и ќе ви пее приспивни песнички. Ќе го промените својот поглед кон светот. Ќе ја почувствувате универзалната добрина. Ќе сфатите дека добрината е оружје кое дава најголема заштита.

Доколку ви се допадна овој тест, одберете руна и дознајте што ќе ви донесе иднината.

Одберете руна и дознајте што ќе ви донесе иднината


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар