Ново истражување нè предупредува на застрашувачките ефекти од честото користење смартфони

Ново истражување нè предупредува на застрашувачките ефекти од честото користење смартфони

Живееме во време во кое поголемиот дел од нас не излегуваат од дома без својот мобилен телефон. Но, колку што овие уреди се корисни, толку можат да бидат и потенцијално штетни за нас и нашето здравје. Имено, според новото истражување кое било спроведено на еден израелски институт, одредени мобилни телефони можат да нè изложат на штетни нивоа електромагнетно зрачење.

Ново истражување нè предупредува на застрашувачките ефекти од честото користење смартфони

Користењето на овие уреди само 15 минути дневно, го зголемување ризикот од развивање тумор во мозокот. Овие резултати ни доаѓаат од 13 различни земји, а самото истражување било спроведено веднаш штом Светската здравствена организација предупредила дека мобилните телефони можат да предизвикаат рак, повикувајќи до корисниците да ја ограничат нивната употреба.

Сепак, резултатите од ова истражување можеби дојдоа предоцна за многу зависници од своите смартфони, бидејќи се потребни од 15 до 20 години за да се развие ракот. Со оглед на тоа што многумина веќе користат мобилни уреди долго време, штетата може да е веќе направена.

„Оние кои се најмногу зависни имаат и најголем ризик. Доволни се само 15 минути дневно за да влијаете негативно на своето здравје, а голем дел од луѓето ги користат своите смартфони и повеќе од тоа“, вели водечкиот истражувач, д-р Грејам Ламбурн.

Луѓето кои користеле мобилен телефон 15 минути дневно, во текот на 7 години, имаат и до 72% поголема веројатност за развој на тумор во мозокот. Научниците се уверени дека ризикот од овој рак би можел да биде и 10% повисок одошто покажувало самото истражување, па токму затоа предупредуваат да бидете многу внимателни.

Најопасниот вид тумор е глиомот, кој дури и по интензивно лечење ги убива оние страдаат од него во рок од 3 до 5 години од поставувањето на дијагнозата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар