Новите 7 светски чуда на природата

Автор: Александра Чакаровска

По пат на телефонско гласање организирано од страна на швајцарската фондација „New7Wonders“, на 11 ноември 2011 година беа изгласани потенцијалните кандидати како нови светски чуда на природата. Некои од овие природни убавини се веќе официјално избрани (водопадите Игуасу, заливот Ха Лонг, островот Јеју и подземната река Пуерто Принсеса), додека за останатите се чека да бидат потврдени.

Гласањето за новите светски чуда на природата е организирано со цел да ја подигне свеста на општеството за најубавите природни реткости во светот. По започнувањето на кампањата од 2007 година до денес, како најубави светски чуда во природата беа избрани следниве дестинации.

1. Водопадите Игуасу (Iguazu Falls)

Овие водопади се достапни и можете да ги видите од 3 земји: Бразил, Аргентина и Парагвај. Тие воодушевуваат со своите природни карактеристики и моќта која ја поседуваат. Реката Игуасу со пад од 80 метри височина, ги формира овие прекрасни водопади точно на границата помеѓу Бразил и Аргентина. За настанувањето на овие водопади постои интересна легенда.Новите 7 светски чуда на природата

2. Заливот Ха Лонг (Ha Long Bay)

Ха Лонг се наоѓа во северен Виетнам, во заливот Тонкин. Распослан на површина од 1500 метри квадратни, ова ново светско чудо е карактеристично по малите карпести островчиња кои се со различни големини и форми. Овој залив од 1994 година се наоѓа под заштита од УНЕСКО. Уникатната природна вегетација и живиот свет кој живее овде, го прави ова место да биде едно од светските чуда на природата кое мора да се посети.Новите 7 светски чуда на природата

3. Островот Јеју (Jeju Island)

Јеју е најмалата провинција во Јужна Кореја. Како вулкански остров, ова светско чудо е значајно по прекрасните тунелски пештери, низ кои претходно течела лава. Пронајдените фосили од животни и школки на овој остров, предизвикуваат особен интерес кај научниците.Новите 7 светски чуда на природата

4. Амазонските тропски дождовни шуми (Amazon Rain Forest)

Со својата големина од 7 милиони квадратни метри, Амазонските шуми се распослани на 9 држави. Тие се формирани околу реката Амазон, која со својот басен е најголемата река на планетата Земја. Високите температури карактеристични за овие шуми, овозможуваат развој на многуброен растителен и животински свет, кој може да се види единствено овде.Новите 7 светски чуда на природата

5. Подземната река Пуерто Принcесa (Puerto Princesa Subterranean River)

Најголемата и најубава подземна река во светот е Пуерто Принсеса, која се наоѓа на Филипините. Околината покрај реката создава прекрасен национален парк, кој со право го носи епитетот светско чудо. Во оваа област живеат 800 видови растенија и 95 видови птици од кои 15 ендемски. Погледнете ги убавините на оваа река.Новите 7 светски чуда на природата

6. Планината Тејбл (Table Mountain)

Оваа планина претставува вистинска туристичка атракција во Јужна Африка. Планината Тејбл е интересна поради тоа што нема врвови, туку на нивно место се наоѓа рамна површина која се формирала со текот на годините. Поради своите карактеристики го добила и името Тејбл.Новите 7 светски чуда на природата

7. Националниот парк Комодо (Komodo National Park)

Паркот Комодо е формиран пред сè да го заштити најголемиот светски гуштер, змејот Комодо, за кој се верува дека е потомок на диносаурусите. Овој остров е вулкански остров кој се наоѓа во Индонезија. Се проценува дека на островот има околу 2.000 жители, кои претежно се занимаваат со риболов.Новите 7 светски чуда на природата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. 6-1 odd Reply

    Raj na zemjata

Остави коментар