Новиот дом на Џенифер Анистон

Воопшто не е невообичаено холивудските ѕвезди да купуваат и да продаваат имоти, па така и во оваа 2012 година овој тренд сигурно ќе продолжи. Според веб-сајтот „TMZ“, познатата актерка Џенифер Анистон веќе купила нов имот, вреден 21 милион американски долари. Вилата се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија, на познатите ридови Бел Ер.Новиот дом на Џенифер АнистонПрвичната цена на имотот била 24,9 милиони американски долари, но изгледа добитничката на Еми награда, која претходно го продаде својот имот во Беверли Хилс, се спогодила за солидно намалување. Вилата е изградена во 1965 година, а имотот е со големина од 800 квадратни метри. Карактеристични за овој дом се стаклените ѕидови кои нудат фантастичен поглед кон градот и океанот. Покрај фантастичната куќа, Анистон на својот нов имот ќе има приватно езерце, голем базен, гостинска куќичка, а во задниот дел од дворот лозови насади.Новиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер АнистонНовиот дом на Џенифер Анистон


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар