Нов тест на крвта може да ви ги покаже сите вируси со кои некогаш сте биле инфицирани

Подгответе се за науката да ве воодушеви! Истражувачите од Институтот за медицина „Howard Hughes“ развиле технологија со која можете да ги откриете сите вируси со кои некогаш сте биле заразени. Сè што ви е потребно е само една капка крв.

Нов тест на крвта може да ви ги покаже сите вируси со кои некогаш сте биле инфицирани

Овој нов метод се нарекува „VirScan“ и е огромно откритие во областа на медицинската дијагностика. Тестот има способност да детектира повеќе од 1.000 патогени одеднаш, за разлика од традиционалните тестови кои можат да тестираат по само еден патоген. Според Стивен Елеџ:

„Она што го прави ова толку уникатно е размерот: Во моментов докторите мора да погодуваат кој вирус би можел да биде во игра и потоа индивидуално да ја тестираат својата теорија. Но, со овој метод ние можеме да бараме голем број вируси, дури и оние ретките, со само еден единствен тест.“

Со цел да го направат овој процес реален, Елеџ и неговиот тим развиле пептиди (фрагменти од вирусите) кои им овозможуваат да откријат дали испитаникот некогаш бил или е во моментов изложен на одреден вирус. Тимот тестирале 569 луѓе, при што откриле шема која сугерира дека повеќето луѓе биле изложени на истите пептиди или вируси.

Исто така оваа студија открила и дека со овој метод на тестирање може да се истражува и начинот на кој одредена изложеност на одреден вирус може да биде поврзана со можноста да се здобиете со нов вирус понатаму. „VirScan“ има потенцијал да им помогне на истражувачите да развијат превентивни методи за рак и други сериозни заболувања.

Со напредокот на оваа технологија, научниците можат подлабоко да го разберат геномот на вирусите и за возврат, да научат многу повеќе за самите болести. Неверојатно, се согласувате?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар