Нивото на хормони го одредува вашиот идеален партнер

Автор: Ана Петровиќ

Којзнае зошто Бред Пит ја избра Анџелина Џоли наместо Џенифер Анистон или да речеме, Хелена Бонам-Картер. Клучот е во биолошкиот темперамент и нивото на хормони, смета антропологот Хелен Фишер, која проучувала дури 30.000 испитаници и дошла до заклучок дека токму нивото на одредени хормони влијае на нашиот избор на партнер.

(1) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mk

Иако вистинската љубов е комбинација од карактеристики, околности, вистинскиот момент и други мали фактори, антрополозите откриваат зошто некои врски успеваат, а некои – не.

По 30 години истражување, извршено на 30.000 испитаници, д-р. Хелен Фишер смета дека меѓусебната привлечност е тесно поврзана со односот на одредени хормони во телото кои одредуваат за каков тип личност станува збор. Таа вели дека е битен соодносот на хормоните и хемикалиите кои ги произведува мозокот, а кои нè делат на четири основни категории. Така, со оглед на нивото на допамин, серотонин, естроген и тестостерон, постојат истражувачи, градители, управувачи и преговарачи.

Ако во организмот доминира поголемо количество допамин, вие спаѓате во луѓето кои постојано бараат нешто ново и возбудливо. Ваквиот тип личности, според Фишер, спаѓа во истражувачи.

Кај лицата чиј мозок произведува повеќе серотонин преовладуваат особини како лојалност и смиреност. Овие лица ги почитуваат правилата и редот, а исто така имаат и развиени социјални вештини, па според тоа Фишер ги нарекува градители.

Луѓето со зголемено ниво на тестостерон, без разлика на полот, спаѓаат во групата управувачи. Тие се директни, одлучни и добри во стратешките промислувања.

Личностите со зголемено ниво на естроген имаат преговарачки способности, емпатични се и имаат развиена фантазија, како и добри вербални и социјални вештини. Тие спаѓаат во групата преговарачи.

Според нејзините истражувања, сите луѓе се комбинација од два типа на карактеристики, но еден е секогаш доминантен и влијае на нашето однесување, а со тоа и на изборот на партнер.

Еве некои карактеристики на секој тип:

ИСТРАЖУВАЧИ

(2) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mk

Сакаат непредвидливи ситуации. Здодевно им е кога се повторуваат одредени активности. Имаат широки интереси. Размислуваат пооптимистично од повеќето луѓе. Креативни се. Секогаш ги интересираат нови нешта. Преземаат ризици.

Добри страни

Истражувачите се флексибилни и дарежливи кога се во прашање парите, времето и идеите. Не се плашат од преземање ризици за да искусат нови авантури.

Лоши особини

Нивната желба за нови авантури често не може да ги држи на едно место, знаат да бидат импулсивни и се посклони кон разводи од останатите.

Совет како да се однесувате во врската

За да се зближите со преговарач, искористете ја својата креативност. Бидете трпеливи со градителот. Игнорирајте ги натпреварувачките коментари на управителот, а доколку сте во врска со друг истражувач, уживајте во забавата.

УПРАВУВАЧИ

(3) nivoto-na-hormoni-go-odreduva-vashiot-idealen-partner-kafepauza.mk

Уживаат во компетитивните разговори. Аналитични се и логични. Проблемите ги решаваат без вклучување на емоциите. Немаат проблеми во донесувањето одлуки.

Добри страни

Решителни се и независни. Кај партнерот бараат ум и интелигенција.

Лоши особини

Не се најдруштвени, а знаат да бидат и емоционално доста затворени. Понекогаш знаат да бидат безобѕирни.

Совет како да се однесувате во врската

Уживајте во откривање на новите работи со истражувачот. Дозволете му на преговарачот да го продолжи разговорот. Дозволете му на градителот да поставува прашања, а во врската со друг управувач, немојте да ја занемарите љубовта.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар