Никогаш нема да сретнете силна личност која не поминала низ тежок период во минатото

Никогаш нема да сретнете силна личност која не поминала низ тежок период во минатото

Она што нема да нè убие, нè прави посилни. Секој се соочува со болка во одреден момент од животот, но не секој дозволува да се скрши од таа болка. Некои луѓе кога ќе наидат на тешки времиња, одбираат да живеат во страв. Тие се задржуваат во бунарот ископан од нивната болка, многу подолго одошто е потребно и дозволуваат таа да ја преземе контролата врз нивниот живот.

Наместо болката да биде дел од нивната приказна, таа станува целата нивна книга. Овие луѓе одбираат да живеат со нивната болка поради тоа што имаат недостаток од мотивација да одат напред. Тие имаат постојана потреба да ја спомнуваат болката и да се жалат за неа на нивните пријатели и семејство. Одбираат да ги остават нивните рани отворени и никогаш да не им дозволат да заздрават. Им станува удобно да живеат со неа бидејќи таа станала неминовен дел од нивното секојдневие и така научиле да функционираат. Се плашат да направат промена бидејќи не знаат што ги чека, според нив дејствувањето носи многу неизвесна иднина. А болката им е многу добро позната. Таа станала нивна навика, а сите знаеме дека одвикнувањето од нешто е тежок и долг процес кој бара силна волја и одлучност.

Никогаш нема да сретнете силна личност која не поминала низ тежок период во минатото

Но, постојат и луѓе кои не само што продолжуваат понатаму, туку и стануваат подобра верзија на себе. Овие луѓе наоѓаат начин сè лошо што ќе им се случи да го искористат во своја полза и да станат посилни.

Ова се луѓето кои работат на своето тело и доаѓаат до топ форма откако ќе раскинат со момчето или девојката, кои започнуваат со работа во добротворни цели откако судбината ќе им ја одземе саканата личност, кои ја започнуваат нивната кариера од соништата откако биле отпуштени од работа.

Луѓето кои се силни и успешни станале такви затоа што пронашле можност за напредок во несреќата што ги снашла.

Болката е дел од животот и можете или да дозволите да ве уништи или да ја искористите за да постигнете личен развој. Изборот е ваш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар