Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

Многу девојки мечтаат еден ден, кога ќе дојде моментот, да го облечат совршениот венчален фустан. Но, кога 6-годишната Хана Милингтон Деј го смислила дизајнот на овој фустан како од бајките, не помислила на негово носење, туку на јадење!

Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

Малечката Хана дошла до идејата за овој сладок „фустан“ во реална големина, кога видела фотографија од нејзината мајка во нејзиниот невестински фустан. Од тука, работата за печењето на тортата ја презела нејзината мајка Дона, која е слаткарка по професија и ја има компанијата „Fairytale Cake Company“. За да ја подготви ѝ биле потребни 224 јајца, 12 кг брашно, 12 кг шеќер во прав и 12 кг путер, а потрошила цела седмица за да ја заврши.

Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

Добиениот резултат е сладок фустан висок 180 см и направен од 17 пандишпани, 22 кила шеќерна глазура и стотици шеќерни бисери. Со оваа торта можат да се заблажат дури 2.000 гости.

Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

Г-ѓа Милингтон Деј, која има 36 години вели: „Хана ги разгледуваше моите стари свадбени фотографии и тогаш ми предложи да го рекреираме мојот фустан. Мислев дека тоа е одлична идеја.“

Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

Енормниот десерт беше презентиран на 1 март на најголемиот настан за свадби во Велика Британија „National Wedding Show“, во Бирмингам. Г-ѓа и г. Милингтон Деј не планираат да ја продаваат тортата, туку да ја стават на излогот во продавницата за слатки, но продажната цена би ѝ била околу 6.900 евра.

Никогаш не би погодиле од што е направен овој фустан

Па, ако имате толку пари и 2.000 гости на вашата свадба, бујрум во нивната слаткарница. Се прашуваме само, како ли невестата ќе исече парчиња од овој благ, прекрасен фустан? :)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. divna nikolova Reply

    prekrasna kreacija od torta

  2. рибичка Reply

    малата ја правела тортата…? чудно ми е….

    • Кристина Шумадиева Reply

      Никаде не пишува дека малата ја правела тортата. :) Мајка и е слаткарка, таа ја приготвила, а идејата била на ќерката.

  3. Maja Reply

    Od pocetok ni davas do znaenje deka malata ja pravela… ne znaes da se izjasnis ubavo.
    Citiram:
    “Но, кога 6-годишната Хана Милингтон Деј го смислила дизајнот на овој фустан како од бајките, не помислила на негово носење, туку на јадење!”

    • Кристина Шумадиева Reply

      Па да, од почеток давам до знаење дека идејата била на малата Хана, никаде не пишува дека таа ја правела тортата. Секако дека не може 6-годишно девојче да ја направи тортата :), а кој ја направил и како, е разјаснето во вториот пасус.

Остави коментар