Никогаш не би ги погодиле предците на овие славни личности!

Светлината од славата постојано свети на овие луѓе, но кој би знаел дека нивните предци биле попознати дури и од нив? Погледнете ги овие 10 славни ѕвезди чие генетско наследство ќе ве изненади и остави целосно без зборови.

Бијонсе и Густав Малер

(1) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Изгледа дека Бијонсе има австралиски корења – таа е далечна роднина на добро познатиот австралиски композитор и кондуктор од 19-ти век, Густав Малер. Сега ни е јасно од каде доаѓа нејзиниот музички талент.

Синди Крафорд и Ернест Хемингвеј

(2) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Топ моделот Синди Крафорд е генетски поврзана со овој голем писател. Всушност, Синди има навистина големо педигре – таа неодамна дознала дека исто така е и далечна роднина на Карло Велики!

Роберт Патинсон и Грофот Дракула

(3) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Ова е дефинитивно неверојатно! Изгледа дека Роберт Патинсон, кој го толкуваше вампирот Едвард Кулен во сагата Самрак (Twilight), има свое сопствено „вампирско“ минато. Актерот е далечен роднина на Влад Цепеш III, исто познат и како Влад III Дракула. Сега сме сигурни дека никој друг не би можел подобро да ја одигра улогата на Едвард од Роберт Патинсон.

Џорџ Клуни и Абрахам Линколн

(4) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Познатиот актер и националниот херој на Америка делат заеднички гени! Нивната поврзаност доаѓа од жената позната како Луси Хенкс, која била бабата на Линколн од страната на мајка му.

Џони Деп и Кралицата Елизабета II

(5) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Едно неодамнешно истражување од страна на BBC открило дека неодоливиот Џони Дел е роднина на Кралицата Елизабета бидејќи и двајцата се наследници на Кралот Едвард III.

Брук Шилдс и Хенри IV од Франција

(6) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Брук неодамна дознала дека нејзиниот предок е големиот крал на Франција, односно Хенри IV – првиот монарх на Куќата од Бурбон. Ете од каде таа ја наследила својата грациозност и аристократија.

Бенедикт Камбербач и Ричард III од Англија

(7) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Ричард III – последниот од Куќата од Плантагенет за која пишува и самиот Шекспир, е предок на талентираниот Бенедикт Камбербач. Интересно е што тој го глуми токму Кралот Ричард во ТВ серијата „Шуплива круна: Војната на розите“ (The Hollow Crown: The Wars of the Roses). Се прашуваме какво е чувството да се носи облеката на своите предци.

Мадона, Селин Дион и Камила, Војвотката од Корнвол

(8) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

И двете пејачки се далечни роднини на втората сопруга на Принцот Чарлс, Камила Паркер. Тие сите имаат заеднички предок – француски столар со името Закари Клутиер. Можеби токму тоа е тајната за вечната младост и убавината на овие дами?

Бред Пит и Барак Обама

(9) nikogash-ne-bi-gi-pogodile-predcite-na-ovie-slavni-lichnosti-www.kafepauza.mk

Холивудскиот срцекршач и поранешниот лидер на Белата куќа се братучеди… деветти братучеди! Нивната крвна поврзаност започнува со човекот наречен Едвин Хикмен што бил роден во 1690 година.

Погледнете и кои познати ѕвезди кои неверојатно многу личат на ликови од Дизни цртаните.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар