Ниакорнат: Како изгледа животот во селото „на крајот од светот“?

Ниакорнат е мало село на Гренланд, каде што живеат само 59 жители. Ледот кој се топи, изолацијата, еден месец целосен мрак, студот и недостатокот на канализација се само неколку карактеристики на ова место, за кое може да се каже дека се наоѓа на самиот „крај“ на светот. Селото добило електрична енергија дури во 1988 година, а населението од неодамна има можност да комуницира преку сателит и Интернет.

Ниакорнат: Како изгледа животот во селото „на крајот од светот“?

Единствениот тинејџер во селото, Ларс, не е посебно заинтересиран за традицијата и некои го обвинуваат токму Интернетот за неговиот немирен дух. Ларс слуша рап музика, се забавува на Google Earth, а од досада се занимава и со резбарство. Тој не може да излегува и да запознае ново друштво, а дури не може да си пронајде ни девојка. Доколку сака да се ожени, тој мора да бара жена во соседните села. Ниакорнат е многу мало место и населението го сочинуваат две големи фамилии и само неколку луѓе кои не се роднини.

Ниакорнат: Како изгледа животот во селото „на крајот од светот“?

Канализација не постои, туку секое утро еден човек ги собира кантите со фекалии кои ги носи и ги фрла во депонијата предвидена специјално за тоа. Селото поседува големи резервоари со вода кои го снабдуваат населението со свежа вода за пиење од планинските езера. Постои и зграда на локалната заедница, каде има модерна бања и соба за перење.

Ниакорнат: Како изгледа животот во селото „на крајот од светот“?

Селаните исто така формирале организација која работи на тоа да привлече туристи, особено оние кои патуваат со бродови, па со чамци може да отидат до нивното место и да видат како тие живеат и со што се занимаваат. Инфраструктурата на селото е минималистичка, а жителите одат на работа во соседното село со хеликоптер, чијшто сопственик има договор со државата, додека пак намирниците до ова место повремено стигнуваат со брод. Жителите се возат со санки кои ги влечат кучиња и така одат на лов или риболов, со што речиси сите се занимаваат. Порано постоела и фабрика за риби, која е затворена, а била клучна за животот на луѓето во ова село.

Ниакорнат: Како изгледа животот во селото „на крајот од светот“?

Климатските промени не се непознати за жителите на Ниакорнат. Ледот на Гренланд се топи и тоа директно влијае на нивниот начин на живот. Во 2012 година режисерката Сара Гаврон и кинематографот Дејвид Катцнелсон го посетиле ова мало селце и направиле документарец каде што се судираат старото и новото, а се забележува и борбата на селаните со климатските промени и владините политики.

Ниакорнат: Како изгледа животот во селото „на крајот од светот“?

Во оваа село нема многу работни позиции: Едно место во продавница за храна, учител, администратор на селото, колектор за отпадни води и толку. Овде не постои класичен систем, но традиционално, ловецот е главен на селото. Некои години овде се потопли, дури се поладни, но општо земено, од година во година мразот станува сѐ потенок и потенок, а тоа има последици за заедницата. На пример, тоа им претставува проблем во ловот, затоа што една година дури не можеле ниту да ги користат нивните санки и кучињата, затоа што мразот бил премногу тенок.

Тоа е резултат на загадувањето на светот предизвикано од нас, а токму овде е и иронијата.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар