Незаборавни филмски реплики

За да ни стане некој филм омилен, понекогаш е доволна само една реплика…

Незаборавни филмски реплики

„Ај да ми бидеш живо и здраво детуле. Да пораснеш големо. На лице бело и црвено како тетовско јаболко, на снага-вита ела пиринска. Грло бисер да ти рони. Гласот да ти биде како на славејче…“ – Петре Прличко како Манданата во легендарниот „Мис Стон“

„Куфер ко куфер, празан.“ – Мето Јовановски (Илко) во „Тетовирање“

„Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – Роберт де Ниро во улога на Сем во филмот „Казино“

„Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколатца. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – Том Хенкс (Форест Гамп) во филмот „Форест Гамп“

„Чувај ги пријателите блиску до себе, а непријателите уште поблиску.“ – Ал Пачино (Мајкл Корлеоне) во „Кум 2“

„Ќе му направам понуда, која нема да може да ја одбие.“ – Марлон Брандо (Дон Вито Корлеоне) во „Кум“

 „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ – Ричард Харис како Дамблдор во „Хари Потер“

„Љубовта не може да се пронајде таму каде што не постои, ниту пак може да се сoкрие онаму каде што навистина ја има.“ – Дејвид Швимер (Макс Абит) во филмот „Бакнувајќи ја будалата“

„Стравот те држи во заробеништво, надежта може да те ослободи.“ – од филмот „Бегство од Шошенк“

„Ако си добар во нешто, никогаш не го прави тоа за џабе.“ – Хит Леџер како Џокерот во филмот „Бетмен: Црниот витез“

„Животот е прекраток за да живееме два пати ист ден.“ – Џенифер Лопез (Шарлот) во „Свекрва-монструм“

„Мене ми зборуваш?“ – Роберт де Ниро (Тревис) во „Таксист“

„Животот се движи многу брзо. Ако повремено не застанете и погледнете наоколу, може да го пропуштите.“ – Метју Бродерик како Ферис во филмот „Слободниот ден на Ферис Буелер“

„За седум дена Господ го создал светот, јас за седум секунди го срушив својот.“ – Вил Смит (Бен Томас) во „Седум фунти“

„И после сè, утре е нов ден“ – Вивиен Ли (Скарлет О`Хара) во филмот „Однесено од виорот“

„Претпоставувам дека на крајот, почнуваме да размислуваме за почетокот.“ – Бред Пит (Mr. Smith) во филмот „Г-дин и Г-ѓа Смит“

„Животот не е секогаш изгрејсонца и виножита. Тој е исто така и злобно и валкано место. Ќе ве победи и фрли на колена и таму ќе ве држи перманентно, ако тоа му го дозволите.“ – Силвестер Сталоне (Роки Балбоа) во филмот „Роки“

„Моето име е Бонд. Џејмс Бонд.“ – најпознатата реплика од сите досегашни Џејмс Бонд филмови

„Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – Том Круз (Дејвид) во „Небо од ванила“

„Полесно е да го повлечете чкрапалото отколку да свирите гитара. Полесно е да уништите, отколку да креирате.“ – Антонио Бандерас (Ел Мариачи) во филмот „Десперадо“

„Запомнете, она што се случува во Вегас, останува во Вегас. Освен херпесот. Тој се враќа со вас.“ – Џефри Тамбор (Сид Гарнер) во „Мамурлак“

„Се обидуваш, не успеваш, се обидуваш, не успеваш… Но, единствениот вистински неуспех е тогаш кога ќе престанеш да се обидуваш.“ – Џенифер Тили (Лиота) во „Опседнатиот замок“

„Хјустон, имаме проблем.“ – Том Хенкс како Џим Ловел во „Аполо 13“

„Јас не сум лоша. Јас сум само така нацртана.“ – Џесика Ребит во полуанимираниот филм „Кој го намести зајакот Роџер“

„Кога легендата станува факт, испечати ја легендата.“ – Карлтон Јанг како Максвел Скот во филмот „Човекот кој го застрела Либерти Валанс“

„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – Ентони Перкинс во улога на Норман Бејтс во филмот „Психо“

„Кога првпат ве видов, мислев дека сте згоден. Потоа, се разбира, прозборевте.“ – Хелен Хант како Керол Конели во „Колку е добар, толку и ќе добие“

„Најголемиот трик на ѓаволот е неговото убедување дека тој не постои.“ – Кевин Спејси како Роџер во филмот „Вообичаено осомничени“

„Повеќето луѓе животот го гледаат само во црно-бело. Тие не сфаќаат дека постои сива област некаде на средината. Таму би требало да живееме ние.“ – Дејмон Вејнс како Китс во филмот „Отпорен на куршуми“

„Гледам мртви луѓе.“ – шепотот на Хели Џоел Осмент, во улога на Кол во „Шесто сетило“

„Суетата е дефинитивно мојот омилен грев.“ – Ал Пачино (Џон Милтон) во „Адвокатот на ѓаволот“

„Доверба е кога со некого се чувствуваш безбедно.“ – Мет Дејмон (Едвард Вилсон) во „Добриот Пастир“

„Господа, не можете да се борите тука. Ова е воена соба.“ – Питер Селерс како претседателот Меркин Мафли во комедијата „Д-р Стрејнџлов“

„Не постои место како дома.“ – Џуди Гарланд (Дороти) во „Волшебникот од Оз“

„Искрено, драга, баш ми е гајле“ – Кларк Гејбл како Рет Батлер во „Однесено од виорот“

„Скапоцено мое“ – Енди Серкис како Голам во филмот „Господарот на прстените: Двете кули“

„Аста ла виста, бејби.“ – Арнолд Шварценегер во „Терминатор“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Антонио Reply

    „Потребна е голема храброст за да им се спротивставиш на непријателите, но уште поголема за да им се спротивставиш на пријателите.“ Најјака е оваа!

  2. She Reply

    daaaaaaa <3

  3. Petar Reply

    Браво за Тетовирање и Мис Стон!

    “Полициска држава!” – Кирил Поп Христов исто во “Тетовирање”

  4. Александра Reply

    Познатата реплика на Вил Смит е од филмот “Седум гревови“, а не “Седум фунти“. Погледнете го ако не сте го сториле тоа, задолжително!

    • Demonic Reply

      Филмот се вика Seven Pounds, а не Seven Sins. Check your facts.

  5. Pajo Reply

    Официјалниот превод на филмот е „Седум фунти“ http://www.imdb.com/title/tt0814314/quotes

  6. Александра Reply

    Можеби грешам, но во никој случај не се вика “Седум фунти“. Повелете за факти…..

    Prior to the film’s release, the title Seven Pounds was considered a “mystery” which the studio refused to explain. Early trailers for Seven Pounds kept the film’s details a mystery. Director Gabriele Muccino explained the intent: “The [audience] will not know exactly what this man is up to.” Will Smith is reported to have confirmed that the title refers to Shakespeare’s The Merchant of Venice, in which a debtor must pay a pound of flesh.[10] In this case, it amounts to seven gifts to seven individuals deemed worthy by Smith’s character, to atone for seven deaths he caused.

  7. Весна Јовановска Reply

    Да појасниме. Значи, поентата не е да навлегуваме во суштината на филмот, туку само да кажеме од каде доаѓа познатата реплика. Го земавме предвид официјалниот превод, кој го практикуваат речиси сите медиуми во земјата. Инаку, дури и кога станува збор за рецензија, сметаме дека преводот може да биде слободен, секако доколку има простор за тоа. Поздрав

  8. Дара Reply

    Мојот сопруг воодушевен од говорот на Манданата ја крсти нашата ќерка Елена, името што на крај на оваа реплика и го дава Манданата на новороденото девојче!

Остави коментар