Незаборавни цитати од најмоќните ТЕД говори

Прв пат во историјата можеме да слушнеме мислења, идеи и да научиме за достигнувањата на некои од најпаметните човечки суштества. Ова ни е овозможено преку следење на ТЕД говорите, како и на ТЕД конференциите кои ни овозможуваат пристап до овие информации. ТЕД говорите ја содржат најголемата инспирација која можете да ја најдете денес. Погледнете некои од најдобрите цитати од овие инспиративни говори.

Freedom and adventure - woman happy, Grand Canyon

„Научив дека поезијата, мудроста и милоста можат да се најдат во зборовите на другите луѓе ако одвоиме време да слушаме.“ – Дејв Ајсеј

„Визиите почнуваат со очите, но всушност се одвиваат во мозокот.“ – Феј-Феј Ли

„Ако најмувате луѓе само затоа што можат да работат нешто, тие ќе работат за вашите пари. Но ако најмувате луѓе кои веруваат во она во коешто вие верувате, тие ќе работат со крв, пот и солзи.“ – Сајмон Синек

„Незнаењето и стравот се состојби на умот, а умот е прилагодлив.“ – Даниел Киш

„Мојата идеја за совршен свет не може да биде дизајнирана од еден човек, ниту пак од милион експерти. За тоа се потребни 7 милијарди пара раце, од кои секој пар ја следи својата страст.“ – Џеј Силвер

„Ранливоста е нашата најточна мерка за храброст.“ – Брене Браун

„Секој образовен систем е реформиран во моментот, и тоа не е доволно. Реформата не ни е од корист бидејќи тоа е подобрување на расипан модел. Она што ни е потребно не е еволуција, туку револуција во образованието. Тоа треба да се трансформира во нешто друго.“ – Сер Кен Робинсон

„Она што го наоѓаме не мора да биде реалноста која нè оформува, туку леќата преку која вашиот мозок го гледа светот што ја оформува вашата реалност. А ако можеме да ја промениме леќата, не само што ќе ја промениме нашата среќа, туку истовремено ќе го промениме и секој исход.“ – Шон Акор

„Можете да бидете навистина исполнети само со нешто што го сакате. Не правете ги парите ваша цел, следете ги работите што сакате да ги правите, а потоа правете ги толку добро што луѓето нема да можат да го тргнат погледот од вас.“ – Маја Анџелоу

„Ранливоста е родното место на иновацијата, креативноста и промената.“ – Брене Браун

„Многу почесто е потребна промена на личноста отколку промена на опкружувањето.“ – А. К. Бенсон

„Повеќето мислат дека минатото е еднакво на иднината. Одлуката е највисоката моќ.“ – Тони Робинсон

„Луѓето не го купуваат она што го правите, тие го купуваат она за што го правите.“ – Сајмон Синек

„Кога гледате кон месечината, си помислувате: ‘Јас сум навистина мал. Кои се моите проблеми?’ Ова навистина ви дава перспектива. Треба почесто да ја гледаме месечината.“ – Алан де Ботон

„Секое дете заслужува шампион – возрасен кој никогаш нема да се откаже од него, кој ја разбира моќта на поврзаноста и кој инсистира да стане најдобрата верзија од себе.“ – Рита Пиерсон

„Ако не сте подготвени да грешите, никогаш нема да смислите нешто оригинално.“ – Сер Кен Робинсон

„Можете да ја користите вашата моќ за градење ѕидови… или пак за рушење пречки.“ – Шарук Кан

„Ако не верувате во она што го правите, без разлика дали е ваш личен бренд или некој производ кој го презентирате, тргнете се од таму ВЕДНАШ.“ – Гери Вејнерчак

„Она што го правите со делчињата кои се кршат е она што ве прави вас.“ – Дерил Полак

„Вие треба да бидете оние кои создаваат свет што е свој најдобар љубовник – тоа треба да бидете идните вие.“ – Шарук Кан

Погледнете ги и овие цитати кои ќе ве инспирираат да ги следете вашите соништа.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар