Незаборавни цитати од Кери Бредшо кои ја отсликуваат вистината за современиот љубовен живот

Незаборавни цитати од Кери Бредшо кои ја отсликуваат вистината за современиот љубовен живот

Серијата „Сексот и градот“ се појави во средината на 90-тите години. Траеше 6 сезони во кои опфати многубројни теми: Пријателство, љубов, раскинување, брак, бебиња… Голем број девојки и ден денес одново ги прегледуваат епизодите и се потсетуваат на нивните омилени сцени и реплики. Иако сите женски ликови се силни, успешни и прекрасни, речиси секоја девојка најмногу се пронаоѓа во Кери Бредшо.

Незаборавни цитати од Кери Бредшо кои ја отсликуваат вистината за современиот љубовен живот

Сара Џесика Паркер одлично го претстави ликот на Кери Бредшо, писателка и секс колумнистка, која живее во Њујорк, влегува од врска во врска со згодни мажи и редовно излегува и се забавува со нејзините пријатели. Со други зборови, таа го живее животот што поголемиот дел од припадничките на женскиот пол го посакуваат за себе.

Дури и да не сте биле љубители на оваа серија, мора да признаете дека Кери има кажано навистина мудри и вистинити работи кога станува збор за љубовта и сингл животот. Прочитајте ги нејзините незаборавни цитати кои ја отсликуваат вистината за современиот љубовен живот на луѓето…

„Дали навистина го сакав Ѕверката или бев зависна од болката, од онаа прекрасна болка која се јавува кога посакувате некој кој е толку недостапен?“

„Зошто му дозволуваме на тоа едно нешто што ни недостасува да влијае на сите нешта што ги имаме? Зошто еден минус плус многу плусови е еднакво на нула?“

„Но, ако сакате некого и раскинете, каде оди љубовта?“

„Мислам дека го сакам и се плашам дека ќе ме остави ’затоа што не сум совршена’.“

„Не, одам во кревет. Не сум расположена за да бидам меѓу луѓе.“

„Ми треба да почувствувам машка тежина врз мене.“

Незаборавни цитати од Кери Бредшо кои ја отсликуваат вистината за современиот љубовен живот

„Твое тело, твој живот. Направи го тоа што е најдобро за тебе.“

„Уживај! 20-тите се за уживање! 30-тите се за да ги научиш лекциите, а 40-тите се за да си ги платиш пијалаците.“

„Можеби минатото е како сидро кое нѐ држи во место. Можеби треба да се ослободиме од она што сме биле за да станеме она што сакаме да бидеме.“

„Шансите да го сретнете се поголеми кога изгледате за никаде.“

„Дали можете вистински да простите, ако не можете да заборавите?“

„Можеби пријателките се нашите сродни души, а момците служат само за забава.“

Доколку навистина ја обожавате оваа серија, прочитајте ги и овие забавни факти за кои веројатно не сте чуле досега…

1. Туту здолништето што го носи Кери во најавната шпица било купено на распродажба за само 5 долари. Погледнете ја најавната шпица во случај да сте ја заборавиле:

2. Се сеќавате на најдобриот пријател на Кери, Стенфорд? Неговото вистинско име е Вили Гарсон и тој бил во врска со Сара Џесика Паркер во 80-те, а и ден денес се многу добри пријатели.

3. Кери има напишано вкупно 92 колумни во серијата. Нејзината последна колумна го поставува прашањето: „Дали е време да престанам да поставувам прашања?“

4. Во првиот филм „Сексот и градот“ Кери тргнува една книга од излогот на книжарницата и ја заменува со нејзина книга. Книгата што ја отстранува е „Лучија, Лучија“ (Lucia, Lucia) од Адриана Триџани. Во неа се работи за една жена која планира огромна венчавка и на крајот младоженецот ја остава пред олтарот. Ако сте го гледале филмот, тогаш знаете дека ова претставува одлично претскажување на главниот заплет.

Незаборавни цитати од Кери Бредшо кои ја отсликуваат вистината за современиот љубовен живот

Сѐ уште не ви е доста од „Сексот и градот“? Прочитајте ги и овие класични мисли од Кери Бредшо во кои ќе се пронајдат сите модерни девојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар