Незаборавна роденденска честитка од баба и дедо Нелсон

Незаборавна роденденска честитка од баба и дедо Нелсон

Автор: Моника Трајковска

Заборавете на обичната и досадна роденденска честитка. Кога баба Маргарет и дедо Боб му посакуваат роденден на својот внук, тие тоа го прават со стил. Неповторливото дуо оваа година се одлучи за џез песна наречена „Блуз за 18 годишниот роденден“. И покрај тоа што има неколку необични стихови како „ти си сега маж… каква пица ќе одбереш“, сепак песната е многу интересна и само после едно слушање веднаш ќе ја засакате. Дедо добро се снаоѓа со клавирот и изненадува со неговиот неверојатен глас, додека пак баба… па, таа танцува одлично.
Незаборавна роденденска честитка од баба и дедо НелсонСекако песната нема да биде целосна доколку нема некаков вид мудар совет. „Размислувај повеќе за тоа што ќе го правиш, а помалку за тоа што нема да го правиш“, пее дедо Боб. Како што доаѓа крајот на видеото, има многу интересен коментар од баба Маргарет. Таа вели: Ох, ова ќе биде лошо.“ И покрај тоа што Џош бил малку засрамен од оваа уникатна роденденска честитка, баба и дедо Нелсон за кратко време станаа голем хит на Јутјуб и си го пронајдоа своето место во срцата на сите оние кои ги гледаа. Дедо Боб дефинитивно беше во право за една работа, роденденот на Џош се појави на вестите.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар