Неверојатно креативна идеја: Плетени наместо виртуелни Покемони

Жителите на Тексас биле изненадени кога играјќи ја омилената „Покемон гоу“, на местата означени за собирање на нивните виртуелни пријателчиња, наишле на вистински плетени фигури. Познатите ликови од овој цртан филм се сплетени од вештите раце на една мајка, која се претставува под псевдонимот „Плетачката Никол“. Таа се опишува себеси како „страстен играч на видео игри и самоука плетачка“.

Прекрасни мали фигури ѕиркаат од тајните места и го чекаат среќниот пронаоѓач

Прекрасни мали фигури ѕиркаат од тајните места и го чекаат среќниот пронаоѓач

Токму оттаму, оваа жена можеби добила идеја општото „лудило“ познато како „Покемон гоу“ да го пренесе во една сосема нова димензија и да му вдахне еден креативен дух и енергија. Нејзините минијатурни плетени ликови се дел од проектот што таа го нарекува #CrochetGo. Доколку не живеете во Тексас не очајувајте, оваа вредна мајка ги изработува прекрасните фигури кои можат бесплатно да се добијат онлајн. Навистина прекрасна и инспиративна идеја.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар