Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Кога ќе потопите живо јајце во бел оцет и ќе го оставите да седи 2 дена, ќе настане хемиска реакција која целосно ќе ја разложи лушпата, испуштајќи јаглерод диоксид. Лушпата на јајцето е во најголем дел сочинета од калциум карбонат и поради тоа е цврста, а оцетот содржи оцетна киселина.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Па така, кога ќе ставите јајце во сад со оцет 12-24 часа, лушпата ќе се разложи, а јајцето ќе стане интересно како желе. Кога ќе заврши хемискиот процес, ќе забележите дека на јајцето нема лушпа, туку само тенка мембрана, која ја чува внатрешноста на јајцето и многу лесно може да се дупне.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Внимателно извадете го јајцето, истурајќи го од садот со оцет, врз вашата дланка и потоа измијте го со вода.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцетНеверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Кога ќе го споредите со друго јајце со лушпа, ќе видите дека јајцето коешто седело во оцет, се зголемило. Ова е така, бидејќи дел од оцетот (и од водата во оцетот) влегла низ мембраната, во јајцето. Мембраните на јајцата се полуспроводни и дозволуваат водата да влезе низ нив. Вака добиените јајца се нарекуваат голи јајца.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Доколку го направите истиот експеримент со сварено јајце, лушпата исто така ќе се разложи, а јајцето ќе стане еластично како гумено топче.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет (10) neverojatno interesen eksperiment so jajce i ocet-www.kafepauza.mk Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Скокачко јајце

Голите јајца се забавни на изглед, но експериментирањето со нив е уште позабавно. Сте помислиле ли некогаш дека можете да си играте со јајцето како со топче? Благодарение на гуменестата структура на голото јајце, тоа ќе потскокнува доколку го тапкате од масата. Само имајте на ум дека доколку се дупне мембраната, а голото јајце сте го подготвиле од живо јајце, ќе направите хаос во вашата кујна.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Големо, обоено јајце

Доколку сакате голото јајце навистина да се зголеми, можете да го потопите во чаша со вода, која ќе навлезе низ мембраната. Овој процес се нарекува осмоза. За да биде големото јајце уште поинтересно, сипете боја за храна во водата, која ќе го обои целото јајце.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Дехидрирано јајце

Ставете го голото јајце во чаша полна со сируп од пченка и оставете го да стои ден-два и ќе забележите дека целото ќе се стутка и ќе изгледа многу смешно, како торбичка. Тоа е така, бидејќи пченкарниот сируп има многу мало количество вода и повторно по пат на осмоза, водата од јајцето ќе излезе низ мембраната. Доколку го оставите јајцето во сирупот доволно долго, тоа ќе почне да наликува на суво грозје. Ако па ви се смачи од исушениот изглед на јајцето, вратете го повторно во чаша со вода и ќе му се врати обликот.

Неверојатно интересен експеримент со јајце и оцет

Дали смее да се јаде голото јајце?

Не е препорачливо да го јадете голото јајце. Имајте на ум дека е стоено со денови во оцет, на собна температура. Дури и ако го чувате во фрижидер додека трае процесот и потоа го сварите, сè уште не е препорачливо да се јаде, бидејќи веројатно нема да има добар вкус поради киселоста на оцетот. Голото јајце не би требало да мириса лошо, доколку експериментирате со него 2-3 дена, но ќе почне да мириса ако го оставите цела седмица.

Погледнете го и видеото за да ги видите овие интересни експерименти во пракса.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар