Неверојатни зимски спортови на природен холандски мраз

Додека повеќето од нас едвај чекаат да заврши студената зима и да започне пролетта, голем дел од луѓето кои живеат во Холандија се надеваат на уште пониски температури. Веројатно и ние би го посакувале истото, доколку имавме прилика да уживаме во вакви забавни зимски спортови. Бен Физбик е фотограф од Амстердам, кој неодамна ги направил овие прекрасни фотографии, на кои гледаме како Холанѓаните се лизгаат и едрат по мраз, на Gouwzee, залив во северна Холандија.Неверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мраз

Фотографот вели: „Холандија е мала земја во која живеат 16 милиони луѓе, но може да се пофали со околу 250.000 натпреварувачи во брзо лизгање по мраз и милиони кои лизгаат само за забава. Интересно е тоа што природниот мраз во Холандија е ретка појава, а некои зими го нема воопшто. Можеби тоа е објаснувањето зошто Холанѓаните толку многу сакаат да лизгаат на природен мраз – ретко кога ја имаат таквата прилика. Но, кога ќе удри студен бран и лавиринтот од канали, реки и езера ќе замрзне, Холанѓаните со задоволство одат на спонтаната зимска прослава на мраз. Бесконечното море од мраз е совршено за лизгање со лизгалки, но покрај ова, Холанѓаните сакаат и едрење по мраз. Ова е спорт кој се состои од трка со пловење на бротчиња и е многу популарен во Холандија. Бродовите на мраз се тркаат со брзина од 100км/ч по мразот на Gouwsea.“

Неверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мразНеверојатни зимски спортови на природен холандски мраз


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар