Неверојатни велосипедски трикови кои ќе ве импресионираат

Неверојатни велосипедски трикови кои ќе ве импресионираат

Запознајте го Мартин Ештон, човекот кој ќе ве помести од столчето со своите неверојатни способности, додека седи зад велосипедскиот волан. Овој професионален велосипедист, заедно со двајца помошници ги изведуваат најневеројатните велосипедски трикови коишто некогаш сте ги виделе на интернет.

Како и да е, љубителите на овој спорт не е пожелно да пробуваат вакви трикови со нивните велосипеди, бидејќи овие момци користат опрема од највисок ранг. Нивните велосипеди се викаат Colnago C59 Italia, и се продаваат по повеќе од 20.000 американски долари. Очекувано, ова неверојатно видео собра неколку милиони прегледи за неколку дена, привлекувајќи повеќе од 1 милион прегледи во првиот ден.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар