Неверојатни приказни на 7 супермајки

Способноста за раѓање деца е вистински дар и благослов за жените. Позната е изреката „Нема ништо посилно од љубовта на мајката,“ и тоа навистина е точно. Но, некои не можат да ја разберат болката и препреките низ кои поминале мајките за своите деца. Погледнете ги овие неверојатни приказни за жени кои дале сè за своето дете.

1. Децата на оваа жена имаат разлика од 40 години

(1)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mk

Елизабет Ан Батл забременила прв пат кога имала 19 години, а втор пат кога имала 59 години. Таа го држи рекордот за најдолго време помеѓу две бремености. Вториот пат оплодувањето било по пат на ин витро, а таа дури лажела за својата возраст за да ѝ ја одобрат бременоста. Со раѓање бебе на 60 години, таа е навистина храбра.

2. Ништо не ја спречило оваа жена да има деца

(2)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mk

Стејси Хералд можеби е висока само 60 сантиметри, но ова не ја спречило да стане мајка на 3 деца. Нејзините доктори ѝ кажале дека за неа е навистина ризично да раѓа, но таа планира да го проширува нејзиното семејство.

3. Мажот кој решил да забремени

(3)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mk

Овој маж го направил невозможното, и тој сега е мајка. Томас Бити е транссексуалец кој бил роден како жена. Имајќи женски репродуктивни органи, тој успеал да забремени и неговото бебе е вистинско медицинско чудо.

4. Храброста на една мајка

(4)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mk

Мајките мора да размислуваат брзо со цел да ги заштитат своите деца по секоја цена. Каролина Чиринца била „заглавена“ на дрво кога била во 9-тиот месец од бременоста. Причината за ова била големата поплава во нејзиниот град. Но таа воопшто не паничела, туку се породила на самото дрво! Денес и Каролина и нејзината ќерка се живи и здрави.

5. Мајката на 8 деца

Натали Сулеман родила 8 деца наеднаш во 2008 година, а ова ја направило мајка на вкупно 14 деца. Таа добила многу внимание од медиумите и го поттикнала прашањето за неетичкото користење на третманите за плодност.

6. Годините се само број

(6)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mk

Рахо Деви Логан го родила своето прво дете кога имала 69 години. Ова ја прави најстарата „нова“ мајка во светот. Својата долговечност ѝ ја припишува на нејзината ќерка, и смета дека мајчинството навистина го подобрува животот.

7. Мајчината љубов не знае за граници

(7)neverojatni-prikazni-na-7-super-majki-kafepauza.mk

Керол Хорлок родила 13 деца. Интересно е што ниту едно од нив не е нејзино. Таа била сурогат мајка за 13 жени, и нејзината желба да им помогне е вистински акт на дарежливост и љубов.

Погледнете ги и најдобрите животни совети од нашите мајки.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар