Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Годинава беше преполна со неверојатни приказни кои нѐ потсетија дека родителите, браќата и сестрите можат да бидат вистински суперхерои, но и дека бебињата навистина се чуда на природата. Најдобрите породилни приказни ќе ве трогнат толку многу што нема да можете да ги задржите солзите во очите. Подгответе ги марамчињата и прочитајте ги следниве породилни случки што ја одбележаа 2017 година…

Акушерката чиј воденик пукнал додека ја породувала нејзината пациентка

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Сигурно сте слушнале многу приказни за жени чиј воденик пукнал на работа, но нештата се понеобични кога вашата работа вклучува породување туѓо бебе. Една докторка од Ајова добила породилни болки додека породувала бебе. Прво не го забележала тоа и мислела дека течноста на мантилот е од нејзината пациентка. Многу е тешко да се премине од доктор во пациент! Бебето било родено по 36 недели и 1 ден без никакви компликации. Акушерката открила дека сето ова ѝ помогнало да стане подобра докторка, бидејќи сега може целосно да сочувствува со пациентките.

Акушерката која го одложила своето пораѓање за да породи друга жена

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Докторката Аманда Хес се подготвувала за нејзиното породување кога слушнала дека некоја друга жена треба да биде веднаш породена. Последниот доктор на смена штотуку си заминал, а другиот бил на пат, но папочната врвка на бебето била замотана околу неговиот врат. Па, што направила Аманда? Облекла мантил за да се покрие и самата ја породила жената! Нејзините контракции започнале неколку минути по пораѓањето и таа набрзо го родила и нејзиното дете. Таа навистина работела до последен момент!

Бебето родено со конусоидна глава

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Бебињата не изгледаат секогаш онака како што си замислуваме и тоа е сосема нормално. Фотографката Кајла Рид нѐ потсети на тоа кога сподели фотографии од бебето Греам кое било родена со зашилена глава како последица од неговата положба во матката. Но, за само неколку дена, главата се заоблила и добила совршена форма!

Момчето кое го донело на свет неговото братче

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Воденикот на Ешли Мореу пукнал кога отишла во тоалет и кога погледнала долу, видела дека ноџињата на бебето ѕиркаат. Таа била бремена само 34 недели и била сама дома со нејзиниот 10-годишен син Џејден и малата ќеркичка која имала неполна годинка. Џејден истрчал до тоалетот и ја нашол мајка му како крвари на подот. Потоа, отишол кај баба му која викнала брза помош. Меѓутоа, бабата не можела да стигне до Ешли, па затоа малиот херој Џејден решил да помогне.

Тој само земал длабок здив и ја прашал мајка му што треба да направи. Не бил исплашен, туку смирен и храбар. Мајката му дала инструкции и тој ги повлекол нозете на бебето додека мајка му туркала. Бебето не дишело кога било родено, па Џејден морал да земе назален аспиратор. Бебето почнало да дише и докторите стигнале за кратко време. Докторите откриле дека мајката и бебето можеле да умрат без помошта на братчето Џејден. За среќа, и двајцата се добро благодарение на овој херојски подвиг.

Сестрата која направила селфи во породилната сала

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Кога Кет Армендариз направила селфи со сестра ѝ која се пораѓала во моментот, тоа набрзо стана една од најпознатите породилни приказни на Интернет. „СЕЛФИ! Додека сестра ми само што не истуркала бебе од нејзината вагина“ – ова бил натписот на фотографијата. Луѓето најпрво ја критикувале, но подоцна се дознале дека сестра ѝ ѝ дала дозвола да ја сподели фотографијата. На почетокот немала толкави болки, па мислела дека ова ќе биде смешно. Но, породилните болки одеднаш почнале да стануваат многу силни, па Кет решила да побрза со селфито.

Бебето кое ја надмудрило спиралата

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

Бебето Декстер Тајлер добило необично соопштение за неговото раѓање на социјалните мрежи. На фотографијата што мајката ја објавила на Инстаграм, бебето држи спирала. Под фотографијата мајката напишала дека спиралата потфрлила. Декстер не бил роден држејќи ја спиралата, но таа била најдена зад плацентата.

Девојчето кое го донело на свет своето братче

Неверојатни породилни приказни што ја одбележаа 2017 година

12-годишната Џејси Делапена била многу зафатена за време на раѓањето на нејзиниот брат. Таа помагала во текот на целиот процес и ја пресекла папочната врвка. Џејси не планирала да биде од толкава помош, но докторот на мајка ѝ го дозволил тоа доколку сака. Докторот одеднаш предложил да се облече и да ја породи мајка си. Џејси изјавила дека била многу нервозна на почетокот, но тоа несомнено бил еден од најубавите моменти во нејзиниот живот.

Продолжете на следната страница за останатите вистински приказни…

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар