Неверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатиле

Луѓето често имаат многу идеи, но ретко кој од нив се осмелува да ги реализира. Сепак, постојат луѓе кои се спремни да ризикуваат за својата добра идеја, а на некои тоа им има донесено неверојатна заработувачка. Ова се неколку необични идеи, од кои нивните создавачи станале богати.

  • Камен како милениче
  • Идеја на: Гери Дал
  • Профит: 15 милиони американски долари (само во првите 6 месеци)

Неверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатиле

Продажбата на камен како милениче навистина е многу смешна. Оваа идеја му текнала на поранешниот маркетинг директор, Гери Дал. Тој продавал камен, во креветче од сено, а за истото купувачите требале да платат 3,95 американски долари. Од таа сума нему му останувале чисти 3 долари. Каменот веднаш станал инстант хит, а во комплетот за „миленичето“ доаѓало и упатство за чување.

  • Апликација „iFart“
  • Идеја на: Џоел Ком
  • Профит: 400 милиони американски долари

Неверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатиле

Џоел Ком ја смислил оваа апликација за Ајфон со која се испушта звук на прдење. Цената на апликацијата изнесува 0,99 долари. Откако многу медиуми напишале нешто за оваа апликација, таа доживеала неверојатен бум и во првите две недели била преземена 113.000 пати. Апликацијата е понудена за целосна продажба на „eBay“ за 1 милион долари.

  • Играчка „Slinky“
  • Идеја на: Ричард Џејмс
  • Профит: 250 милиони американски долари

Неверојатни идеи од кои некои луѓе дебело се збогатиле

Американскиот морнарски инженер Ричард Џејмс се обидувал да создаде пружина за некој бродски дел. Ја фрлил пружината на полицата и таа наеднаш почнала пополека да се спушта од полицата на масата, па од масата на подот. Од ова дошол до идеја дека може да создаде интересна детска играчка. Ја патентирал играчката, која многу брзо станала голем хит. Првите 400 парчиња ги продал за само еден час. Пружината „Slinky“ се продавала за 1 долар и многу брзо го направила Џејмс богат. Во 1998 година, тој ја продал својата идеја на „Poof Toysu“.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Xx Reply

    Камења да продаваш, секоја чест на човекот. Само кај Американците пали тоа. Додека има овци за стрижење, ќе има и волна.

  2. Иви Reply

    Сакам Слинку :)

Остави коментар