Неверојатни хотели низ светот

За Нова година, за следното летување или за претстојното зимување, направете план да посетите некој од овие хотели во светот. Кој и да го изберете, ќе имате незаборавно и неповторливо искуство.

Dog Bark Park Inn

Доколку случајно се најдете во Котонвуд, Ајдахо, ќе имате можност барем една ноќ да поминете во хотелот „Dog Bark Park Inn“, кој е во форма на огромно куче.
Неверојатни хотели низ светотСобите се декорирани со елементи кои потсетуваат на кучиња. Во продавничката во хотелот можете да купите секакви производи за кучиња, а тоалетот кој се наоѓа надвор од објектот е во форма на хидрант. Со капацитет за преноќување на само 4 луѓе одеднаш, овој хотел е одличен за една фамилија и за обожавателите на животните.
Неверојатни хотели низ светот

Null Stern Hotel

„Null Stern“ хотелот се наоѓа во напуштено нуклеарно скривалиште во Швајцарија. „Null Stern“ во превод значи „со нула ѕвезди“, а тоа е така бидејќи гостите не добиваат ништо повеќе од кревет и топла вода. Дури можеби и ќе ја делите собата со уште 6 непознати луѓе.
Неверојатни хотели низ светотПозитивното е тоа што едно ноќевање ќе ве чини околу 10 американски долари. Сепак, креаторите го презентираат како социјален експеримент што ќе им даде шанса на посетителите да се запознаат малку повеќе едни со други.
Неверојатни хотели низ светот

Karostas Cietums

Доколку некогаш сакате да поминете ноќ во поранешен затвор на СССР, овој хотел е совршеното место за вас. Тој се наоѓа во Летонија, а неговите соби се буквално келии.
Неверојатни хотели низ светотДоколку сакате и имате доволно пари, можете да платите за да доживеете вистинско затворско искуство, бидејќи „чуварите“ можат да се однесуваат со вас како да сте вистински затвореник. Хотелот има и музеј и организира редовни тури за посетителите.Неверојатни хотели низ светот

Library Hotel

Доколку сте љубител на книги тогаш овој хотел во Њујорк е перфектен за вас. Секој спрат и секоја соба е организирана по азбучен ред и по категорија.
Неверојатни хотели низ светотВо сите 60 соби има безброј книги од соодветната категорија,од математика до еротски романи, па така секој гостин може да најде книга по својот вкус.
Неверојатни хотели низ светот

Jumbo Hostel

Овој хотел се наоѓа во боинг 747 и е приспособен да собере 85 гости. Тој се наоѓа на 10 минути оддалеченост од аеродромот во Стокхолм, а од неговото кафуле и од направената дрвена палуба ќе имате прекрасен поглед кон пистата на аеродромот и полетувањата и слетувањата на авионите.
Неверојатни хотели низ светотНеверојатни хотели низ светот

Propeller Island City Lodge

Управата на овој германски хотел тврди дека треба да преспиете во парче уметност, бидејќи секоја соба е различно дизајнирана.
Неверојатни хотели низ светотЕдна соба е потполно портокалова, во друга мебелот е превртен обратно, во трета ќе бидете опколени само со огледала. Дури ако се чувствувате доволно морбидно, можете да спиете и во ковчег како вампир.
Неверојатни хотели низ светот

Hang Nga

Овој виетнамски хотел е направен да личи како огромно чудно дрво. Сепак дрвото е вештачко, но е опколено со многу природа и растенија, па така остава впечаток како да е вистинско. Во внатрешноста доминира дрвената подлога и деталите кои отсликуваат едно дрво, па така ќе наидете на скулптури од мравки, пајаци, пајакови мрежи, по некоја птица и слично.
Неверојатни хотели низ светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ванчо Орданоски Reply

    Педантните Швајцарци го искречиле и исчистиле нуклеарниот бункер да личи на болница. Од подот да јадеш.

    Споредете со рускиот затвор во Летонија.

  2. Теодора Трповска Reply

    Library Hotel е за мене :)

Остави коментар