Неверојатни фотографии: Оваа жена активно учествувала во нејзиното породување со царски рез

Медицинската сестра и бабица, Емили Дајл, се породила сама со царски рез. Оваа супержена сакала да биде целосно вклучена во нејзиното трето породување по компликациите што ги имала со претходните. Нејзиниот прв син Грејсон се родил со царски рез и починал по 10 дена, поради здравствени компликации што го спречиле развојот на неговите бели дробови. Кога Дајл, го раѓала второто дете, сега 4-годишната Ела, Дајл била премногу болна за да може активно да учествува во изведувањето на царскиот рез.

Неверојатни фотографии: Оваа жена активно учествувала во нејзиното породување со царски рез

Кога Дајл дознала дека е бремена со трето дете, знаела дека мора да им помогне на нејзините колеги и доктори за време на нејзиното породување. Пред породувањето, таа ги измила рацете, ставила ракавици и најмила фотографка по има Сара Хил за да го документира целиот настан. Интересно е тоа што Дајл ѝ била бабица на Хил и ѝ помогнала да го роди нејзиното бебе пред 2 години. Хил изјавила дека докторите го пукнале воденикот на Дајл и ѝ го пресекле стомакот за да може полесно сама да се породи.

Неверојатни фотографии: Оваа жена активно учествувала во нејзиното породување со царски рез

Додека го вадела бебето од својот стомак, Дајл била изненадена кога видела дека се работи за девојче. Таа била сигурна дека ќе роди момче.

„Бев шокирана и изненадена. Навистина не мислев на тоа што стомакот ми е ширум отворен. Си мислев само ’Леле, господе! Навистина е девојче!’“, изјавила Дајл.

Неверојатни фотографии: Оваа жена активно учествувала во нејзиното породување со царски рез

Кога го извадила девојчето по име Ема, се воздржала од тоа да го бакне, бидејќи сакала сѐ да остане стерилно и не сакала да го загрози неговото здравје.

„Постојано ја доближував до моето лице, ја гледав и си мислев на тоа колку многу сакам да ја прегрнам“, открила Дајл.

Неверојатни фотографии: Оваа жена активно учествувала во нејзиното породување со царски рез

Ема била родена во 11.17 наутро на 11-ти март, што веднаш ја потсетило Дајл на Грејсон кој се родил на 17-ти. Дајл се надева дека нејзината приказна ќе им помогне да жените кои ќе се породуваат со царски рез. „Дури и да не го вадите бебето сами, сепак може да бидете активен дел од вашето породување и да имате одлично искуство“, им порачува Дајл на сите идни мајки.

Неверојатни фотографии: Оваа жена активно учествувала во нејзиното породување со царски рез

Погледнете ги и овие неверојатни фотографии од тинејџерка што ѝ помогнала на мајка си при породувањето.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар