Неверојатни фотографии од тинејџерка што ѝ помогнала на мајка си при породувањето

За многу луѓе, првото породување на кое присуствуваат е она кога самите се породуваат. Но, ова не важи за 12-годишната Џеси Делапена. Таа не само што го гледала целиот процес, туку директно помогнала!

Постарите браќа или сестри се „запознаваат“ со новородените братчиња или сестричиња некое време после нивното доаѓање на овој свет. Во просторијата за породување најчесто мајката е сама или во некои случаи, придружена од страна на таткото.

Но ова не важи за малата Џеси. Наместо да седи во чекалната, таа била во собата со мајка си и активно учествувала во пречекувањето на своето братче.

(5)tinejdzerka-pomognala-vo-ragjanjeto-na-nejzinot-brat-kafepauza.mk

На фотографиите ја гледаме Џеси како му помага на докторот. Прв пат кога ја прашал дали би сакала да помогне, таа најпрво ја одбила понудата. Но кога тој забележал колку многу ја подржува мајка си, ја прашал уште еднаш, и тогаш прифатила. Џеси е навистина храбра млада дама што ги заслужува сите пофалби!

Мајка ѝ подоцна изјавила дека била пресреќна што ќерка ѝ учествувала во овој голем момент од нејзиниот живот и смета дека нејзината помош ги зближила уште повеќе од претходно. Што мислите, дали вие би ѝ дозволиле на вашата ќерка да ви помогне на овој начин при породувањето?

Погледнете ја и оваа вистинска приказна за пријателството на едно мало девојче со еден старец.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар