Неверојатни факти за црвенокосите

Неверојатни факти за црвенокосите

Дали сте знаеле дека не повеќе од 2% од целото население во светот има црвена коса? Или пак, дека во минатото тие имале поголеми шанси да бидат запалени како вештерки во однос на жените со друга боја на коса? Погледнете ги овие неверојатни факти за црвенокосите кои ќе ви го покажат нивното интензивно влијание врз историјата на луѓето како и проблемите со кои се соочуваат поради мутацијата која им ја предизвикува оваа боја на коса…

Неверојатни факти за црвенокосите

  • Отприлика 1-2% од луѓето, односно околу 2 на секои 100 луѓе во светот имаат црвена коса.
  • Античките Грци верувале дека црвенокосите ќе се претворат во вампири откако ќе умрат.
  • Темната коса може да се претвори во црвена или руса во ситуациите кога има недостаток на протеини како резултат на изгладување.
  • Во средниот век се верувало дека детето со црвена коса било зачнато за време на „нечист секс“, односно кога мајката била за време на циклусот.
  • Црвената коса не станува сива како другите бои. Таа со тек на време станува руса, а потоа бела.
  • Црвената коса е најретката боја на коса помеѓу луѓето.
  • Според истражувачот д-р Вернер Хабермел, жените со црвена коса имаат повеќе секс од оние со друга боја на коса. Тој исто така претпоставува и дека тоа што жените во врска кои си ја фарбаат својата коса црвена може да биде знак дека се несреќни и дека бараат нешто подобро.
  • Бидејќи црвената коса има поголемо количество од својот пигмент, таа е потешка за фарбање.
  • За време на ловот на вештерки во 16-от и 17-от век во Европа, многу жени биле запалени само поради тоа што имале црвена коса.
  • Лилит, која наводно била првата жена на Адам, се верувало дека има црвена коса. Таа била исфрлена од рајот бидејќи одбивала да му биде послушна на Адам.
  • Црвенокосите жени многу полесно се здобиваат со модринки отколку жените со друга боја на коса.
  • Луѓето со црвена коса имаат два пати поголем ризик од развивање Паркинсонова болест.
  • Хитлер наводно го забранил бракот со црвенокосите со цел да го спречи раѓањето на „девијантно дете“.
  • Црвената коса има рецесивен ген, што значи дека секое дете мора да наследи еден ген за црвена коса од секој родител. Рецесивните гени обично доаѓаат во парови, па токму затоа црвенокосите имаат поголеми шанси да бидат и леваци.
  • Историјата покажува дека црвенокосите имаат огромно влијание врз историјата, со оглед на нивниот мал број. Дел од познатите црвенокоси се римскиот император Нерон, Елена од Троја, Клеопатра, античката богиња на љубовта Афродита, Кралицата Елизабета I, Наполеон Бонапарта, Оливер Кромвел, Емили Дикинсон, Антонио Вивалди, Томас Џеферсон, Винсент Ван Гог, Марк Твејн, Џејмс Џојс, Винстон Черчил, Галилео и кралот Давид.
  • Во античкиот Рим, црвенокосите робови вределе многу повеќе од останатите.
  • Во 1995 година, професорот Џонатан Риси открил дека за црвената боја на косата е виновна мутацијата на генот MC1R која се наоѓа на 16-от хромозом. Оваа мутација настанала пред 20.000 – 40.000 години.
  • Црвенокосите имаат помала толеранција на болка и многу потешко им делува анестезијата. Некои научници сметаат дека истата генетска мутација има влијание и врз овој феномен.
  • Во Египет, црвенокосите биле закопувани живи како жртва за богот Озирис.
  • Постои погрешно верување дека црвенокосите ќе се истребат во наредните 100 години. Но, и покрај тоа што нивниот број се намалува, научниците веруваат дека тие никогаш нема да исчезнат.
  • И покрај тоа што Шкотска има највисок процент на црвенокоси (13%), по која е веднаш Ирска со своите 10%, Америка ја има најголемата популација на црвенокоси во светот која изнесува помеѓу 6 и 18 милиони, односно 2-6% од популацијата.
  • Генот кој е виновен за црвената коса ја зголемува способноста на телото да создава витамин Д, што е многу важно за луѓето кои живеат подалеку од екваторот. Но, денешните црвенокоси имаат поголеми шанси за развивање рак на кожата и прерани брчки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    „И покрај тоа што Шкотска има највисок процент на црвенокоси (13%), која е веднаш по Ирска со своите 10%…“ ???

Остави коментар