Неверојатна вистинска приказна за брат и сестра кои се среќаваат прв пат по 39 години

Кога се раѓаме, на секој од нас му е доделена приказна, живот. Знаеме кои се нашите родители и како се викаме. Некои од нас се учени да следат некоја религија, а сите имаме држава која ја нарекуваме наша. Ги поминуваме првите години учејќи да одиме и да зборуваме. Потоа тргнуваме на училиште, на факултет, па создаваме семејство… Но што ако некогаш ви кажат дека целиот ваш живот е лага? Што би направиле? Валентина Суман се разбудила едно утро и морала да си го постави истото прашање.

(1)neverojatna-prikazna-za-brat-i-sestra-koi-se-srekjavaat-prv-pat-posle-39-godini-kafepauza.mk

Пред 39 години, во една болница во Молдавија биле родени две девојчиња. Кога и двете девојчиња, Валентина Суман и Татјана Мурадјан ја напуштиле болницата за да одат дома, нешто било чудно и кај двете. Ако сте родители, сигурно ви е познато чувството кога прв пат ќе го донесете бебето дома. Но со нив се случувало нешто сосема различно.

(2)neverojatna-prikazna-za-brat-i-sestra-koi-se-srekjavaat-prv-pat-posle-39-godini-kafepauza.mk

Двете девојки имале многу проблеми со јадење. И двете постојано плачеле, но ниту една од мајките не помислила дека нешто не е во ред.

(3)neverojatna-prikazna-za-brat-i-sestra-koi-se-srekjavaat-prv-pat-posle-39-godini-kafepauza.mk

Поминувале години, а околу семејството почнале да кружат гласини. Луѓето и во двете семејства сметале дека девојките се однесуваат чудно, но братот на Татјана, Анатолиј Лаштур, слушнал нешто неверојатно. Она што го дознал ќе го смени животот на двете семејства.

(4)neverojatna-prikazna-za-brat-i-sestra-koi-se-srekjavaat-prv-pat-posle-39-godini-kafepauza.mk

Анатолиј слушнал од членови на семејството дека можно е Татјана да не им припаѓа ним. Луѓето почнувале да зборуваат, но по некое време им здодеало, па приказната се заборавила. Брзо потоа, семејството Лаштур се одлучило да се пресели во САД.

(5)neverojatna-prikazna-za-brat-i-sestra-koi-se-srekjavaat-prv-pat-posle-39-godini-kafepauza.mk

Пред да го направат тоа, една сосетка сакала да поразговара со нив. Оваа сосетка ги познавала и двете семејства, па ги гледала девојките како растат. Таа исто така знаела за проблемите кои ги имале и двете семејства. Таа почнала да им верува на гласините, и решила да им пријде на Лаштурови.

(6)neverojatna-prikazna-za-brat-i-sestra-koi-se-srekjavaat-prv-pat-posle-39-godini-kafepauza.mk

Сосетката почнал да забележува нешто чудно.

„Како што растеа, можеше да се каже дека нивното дете изгледаше како нашето семејство, а нашето дете изгледаше како нивното семејство.“

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар