Неверојатен, синхронизиран танц со раце

Неверојатен, синхронизиран танц со раце

Автор: Весна Јовановска

Преку нов синхронизиран танц со рацете, талентираната ирска двојка Сузан Клери и Питер Хардинг повторно ја освои интернет-публиката. Тие подготвиле видеоспот со откачена авангардна кореографија, која нивниот извонреден настап го прави уште поинтересен.

Сценографијата пак, овојпат ја збогатиле со пиво. Додека танцуваат, тие во неколку наврати ги активираат и нозете, најверојатно за да останат во кондиција, додека повремено конзумираат од пивото. 🙂

Неверојатен, синхронизиран танц со раце

Танцуваат на ремиксот на песната „Hands“ од Тинг Тингс, а спотот е во режија на Џони Рид.

Сузан и Питер на публиката ѝ се добро познати уште од 2010 година. Станаа вистинска интернет-атракција со танцот на мелодијата „We no speak Americano“. Видеото беше погледнато од милиони интернет-корисници. Потсетете се.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар