Неверојатен „облак од цунами“ во Флорида

Автор: Елена Јошеска

Неверојатен временски феномен беше забележан на 5 февруари, покрај бреговите на плажата Панама Сити во Флорида. Овој несекојдневен „облак во форма на бранови“ се случува во многу специфични временски услови. Неверојатен „облак од цунами“ во ФлоридаИако онлајн заедницата ја нарече оваа појава „облак од цунами“, сепак не се работи за елементарна непогода. Додека вистинските цунами-бранови се формираат брзо, овој „облак од цунами“ се движи полека, со брзина на умерен ветар.Неверојатен „облак од цунами“ во Флорида Маглата создадена при оваа појава не претставува никаква закана. Можно е овој „облак од цунами“ да се случи неколку пати во годината.Неверојатен „облак од цунами“ во Флорида

Метеорологот Ден Сатерфилд ја објаснува оваа појава: „Студениот воздух покрај морскиот брег бил близу до точката на сатурација со температура од околу 20°C и точка на росење од 19,5° C. На оваа температура воздухот може да содржи одредено количество на водена пареа. Колку долго ќе се задржи пареата, во голема мера зависи од температурата. Ако во воздухот се додаде повеќе вода, ќе се создаде облак. Но, облакот може да се создаде и со ладење на воздухот. Ако температурата се намали, воздухот нема да може да ја задржи водената пареа. Ќе настане кондензација и ќе се формира облак“.

Неверојатен „облак од цунами“ во ФлоридаНеверојатен „облак од цунами“ во Флорида


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар