Неверојатен феномен: замрзнати меури во езеро

Вештачкото езеро Абрахам кое се наоѓа во западна Алберта, Канада, било создадено во 1972 година, со конструкција на брана на реката Саскачеван. Ова езеро е дом на еден редок феномен т.н. „замрзнати меури“, кој го направи езерото популарно меѓу туристите и фотографите.

Неверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езеро

Растенијата кои се наоѓаат на дното од езерското корито го испуштаат гасот метан, којшто се замрзнува веднаш кога ќе дојде во допир со многу постудена водена површина и меурите постепено сѐ повеќе се размножуваат, како што времето станува сѐ постудено, во текот на зимската сезона.

Неверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езеро

Оние кои биле покрај ова езеро, велат дека нема да ве остави рамнодушни, бидејќи тоа не е покриено со снег како другите замрзнати езера. Под дебелата замрзната „стаклена“ површина ќе можете да ги видите сите пукнатини, ќе го видите темното езерско дно и ќе ги чуете длабоките подводни звуци на кршење и пукање на мразот кои доаѓаат одоздола. Чувството да се гази врз ова езеро во зимскиот период, мора да е навистина незаборавно, нели?! :)

Неверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езероНеверојатен феномен: замрзнати меури во езеро


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар