Нешта кои слободните девојките често ги посакуваат и ги прават

Нешта кои слободните девојките често ги посакуваат и ги прават

Без разлика дали сте во долга врска, имате цимери или живеете сами, едно е сигурно: на сите ни треба малку време да бидеме сами и да правиме нешта кои никогаш не би ги направиле пред некој друг. Еве кои се тие…

Да седите дома без облека

Една од најпознатите навики кои обично ги чуваме во тајност, но зашто да се лишуваме од неа?

Да јадете во кревет

Тогаш не би морале да слушате ничии наредби и не ќе мора да се грижите за трошките наоколу.

1.nestakoislobodnitedevojkigiposakuvaatipravat-kafepauza.mk

Да користите лосиони

Маска за лице, маска за коса, купка за тело, сета нега и сето време само за вас.

Да танцувате без ограничувања

Играте, согорувате калории и ги усовршете вашите танчарски вештини.

2.nestakoislobodnitedevojkigiposakuvaatipravat-kafepauza.mk

Да ја користите четката како микрофон

Штета што никој нема да дознае за вашите извонредни вокални способности.

Да пиете директно од шише

Зошто да нарачувате и чаша?

3.nestakoislobodnitedevojkigiposakuvaatipravat-kafepauza.mk

Да си направите маратон од серии (макар и лоши)

Па, нели викендот е создаден за ова?

Да не се пресоблекувате

Особено ако сте настинати и не излегувате два дена од дома, нема потреба да ги менувате алиштата.

Да јадете со сласт

Јадете од тавче – така е повкусно.

Да си ја пуштите истата песна илјада (и уште илјада) пати

Ако не сакате да слушате друго, зошто да слушате?

Да ви биде растурено

Не очекувате никого, така што….

Да не носите долна облека

Неносењето градник два дена е непроценливо, ние девојките тоа најдобро го знаеме.

Да пробувате провокативни движења пред огледало

Можеби токму тие ќе го примамат првиот пијалак со идното момче.

4.nestakoislobodnitedevojkigiposakuvaatipravat-kafepauza.mk

Да се протегнувате насекаде во текот на ноќта

Во креветот, на гарнитурата, во кујната, каде што душа ќе ви посака.

Да си зборувате сами со себе или пак со домашното милениче

Ќе се уверите дека сте подобар соговорник отколку „утката“ со која излеговте последниот пат.

5nestakoislobodnitedevojkigiposakuvaatipravat-kafepauza.mk

Да експериментирате со шминката

Постојано си пробувате нови начини на шминкање и ги усовршувате, тоа е најдобро кога се прави дома, не сакате да дозволите надвор да изгледате чудно.

Да се напиете чаша вино

Па дури и ако ви се припие во 11 наутро.

6.nestakoislobodnitedevojkigiposakuvaatipravat-kafepauza.mk

Да ги јадете истите работи во секој оброк

Сторете го тоа, нема потреба да јадете нешто што не ви се јаде.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар