Несекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 години

„Ерфилд“ е еден од многуте напуштени бродови на заливот Хоумбуш Беј во Нов Јужен Велс, Австралија. Но, она што го двои од останатите, е неверојатното зеленило кое го кити за’рѓаниот бродски труп. Прекрасниот спектакл на природата кој е познат под името „Пловечката шума“ внесува еден нов живот во ова место, кое на некој начин претставува гробишта за стари бродови.

Несекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 години

Масивниот челичен ѕвер тежок 1.140 тони, е изграден во далечната 1911 година во Велика Британија, а бил регистриран во Сиднеј во 1912 како брод кој превезува камен јаглен. Подоцна бил користен за транспортирање на разни добра за американската војска стационирана во пацифичкиот регион во текот на Втората светска војна. Бродот потоа продолжил да служи како преносител на јаглен од Њукасл до крајната станица во Милер, во Блекватл Беј.

Несекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 години

Во 1972 година бродот „SS Ayrfield“ бил конечно пензиониран и испратен во Хоумбуш Беј – место коешто служи за откупување отпадни материјали од бродови. И покрај тоа што многу бродови биле демонтирани, сепак има уште 4 метални бродски тела постари од 75 години кои сѐ уште пловат во заливот, но ниеден од нив не е обвиткан од мајката-природа како што е Ерфилд. Бродот постојано го привлекува вниманието на посетителите со својата грандиозна појава, сочинета од бујните дрва ризофора во него.

Несекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 годиниНесекојдневна шума израсната во напуштен брод стар 102 години

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар