Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за вас

Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за вас

Луѓето даваат комплименти поврзани со вашиот изглед или вашата личност, со цел да истакнат некоја ваша добра особина и да направат да се почувствувате убаво. Но, дали во тие моменти се чувствувате непријатно? Не грижете се, не сте сами. Има голем број луѓе на кои им е многу тешко да се носат со убавите зборови кои ги слушаат за себе. Постојат голем број објаснувања зашто е тоа така, а еве четири поради кои најчесто не знаете како да се однесувате кога ќе добиете комплимент.

(1) Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за вас

1. Самопочитта ви е на ниско ниво

Една нова студија објавена во „ Journal of Experimental Social Psychology, доаѓа до сознанието дека луѓето кои имаат пониско ниво на почит кон себеси, имаат најголеми потешкотии при прифаќањето на комплиментите. Доколку мислите дека имате недостатоци и не сте доволно добри, тогаш може да имате проблем да сфатите како останатите луѓе можат да кажат добри работи за вас. Според студијата, во таквиот случај, пофалбите нема да ја подобрат перцепцијата којашто ја имате за себеси. Дури и уште полошо, доколку воодушевувањето доаѓа од вашиот љубовен партнер/ка, може да ви го наруши односот. Најчесто, луѓето со мала самопочит, помислуваат дека партнерите кога им доделуваат комплименти, ги лажат, што ја намалува довербата меѓу нив.

2. Вашата перцепција за вас не се совпаѓа со туѓото мислење

Друга причина поради која чувствувате непријатност кога ќе добиете пофалба, е тоа што убавите зборови што ги слушате не се совпаѓаат со начинот на којшто се гледате себеси. Ова е познато како когнитивна дисонанса, термин што психолозите го користат за да се опишат одредени недоследности. На пример, кога вашиот колега кога би ви рекол „Ти си паметен/паметна. Секогаш ги наведуваш точните работи во извештаите“, а вие не се доживувате како паметни и стручни работници, тогаш тоа ќе ве стави во недоумица. Нема да знаете дали вие немате добар увид врз своите способности или пак, можеби човекот кој ве пофалил не суди правилно. Ова е причината поради којашто луѓето кои не знаат да примаат комплименти, многу често наместо да се заблагодарат, почнуваат да објаснуваат.

(2) Непријатно ви е кога добивате комплимент? 4 причини зашто се срамите кога слушате пофалби за вас

3. Тешко ви е да се соочите со големи очекувања

Некои истражувања покажуваат дека луѓето со помала самодоверба си поставуваат помали очекувања, па ако ги исполнат се пријатно изненадени. Поради тоа, кога ќе добиете пофалба, тоа ве става под поголем притисок, затоа што сметате дека и очекувањата од вас ќе бидат поголеми. Доколку вашиот шеф рече „Ве одбрав за овој проект затоа што секогаш ги исполнувате задачите во зададените рокови“, овие зборови можат да ве исплашат. Кога забележувате дека останатите луѓе имаат почит кон вас, а вие не сте сигурни во себе, тоа може да ве доведе во стресна состојба. Тогаш сметате дека е само прашање на време кога ќе ја разочарате другата страна, која ви поставила одредена, според вас, висока задача.

4. Многу сте скромни

Луѓето кои се премногу скромни, почнуваат да се чувствуваат многу лошо кога ќе добијат голем број комплименти. Доколку и сте вие едни од нив, секако сте се нашле во слична ситуација. Добивате комплименти дека сте добар шеф, добар пријател, добар работник… Секако, доколку во тие моменти речете „Да, знам“ ќе испаднете некултурни и претенциозни, но, можеби се наоѓате и во ситуација кога ви е тешко да изговорите и едно „Благодарам.

За да ја подобрите ваквата состојба, поработете малку на својата самодоверба и самопочит и ќе видите дека набрзо комплиментите ќе ви станат попријатни. Доколку сметате дека делењето комплименти е чудна појава, тоа не значи дека и вашето однесување треба да биде чудно. Најдобриот одговор кога ќе добиете комплимент е да покажете барем малку благодарност. Едно едноставно „Благодарам“ е речиси секогаш најсоодветен одговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар