Непалските ловци на див мед

Собирањето див мед е дел од древните култури на повеќе цивилизации. Дел од научниците тврдат дека тоа било практикувано 13.000 години пред нашата ера. Тврдењата ги поткрепуваат преку бројни цртежи пронајдени на карпите. Во Непал, со собирање див мед луѓето се занимаваат илјадници години наназад. Тоа претставува многу важен дел од непалската култура.Непалските ловци на див медНепалските ловци на див медНекои од локалните жители зависат исклучително од слаткиот улов, односно тој е нивното единствено егзистенцијално решение. Непал е дом на Apis laboriosa, најголемата пчела на планетата. Овој инсект ги гради своите кошници на карпи високи од 2.500 до 3.000 метри. За да стигнат до нив, собирачите на дивиот мед применуваат неколку техники, како плетење скали од јажиња и палење оган…Непалските ловци на див медРитуалот обично започнува со молитва, а како жртва Непалците принесуваат плодови, цвеќиња и ориз. Потоа во основата на карпата се пали огнот чиј чад ги брка пчелите далеку од кошницата и им го олеснува пристапот до слатките пити. Дури тогаш ловците се спуштаат по скалите од јажиња, „вооружени“ со стап и со дрвена корпа, која пак е закачена на друго јаже, чие движење го контролираат останатите ловци на мед во групата. Така оние кои се спуштаат низ карпите, можат да се бранат од пчелите, додека ги кршат парчињата пити со мед.
Непалските ловци на див медСобирањето на медената реколта се врши два пати во годината, кога ловците организирано тргнуваат кон внатрешноста на Хималаите. Собирањето мед од една колонија им одзема од два до три часа, во зависност од местоположбата на кошницата и од нејзината големина. Едно гнездо може да содржи повеќе од 60 кг мед.Непалските ловци на див медПостојат голем број тур оператори, кои нудат патувања во кои е вклучено набљудување на целата процедура. Маршутите до пчелните кошници и назад се навистина возбудливи, посетителите добиваат можност да допрат до убавината на непалската дива природа. Најпопуларни дестинации се: Bhujung, Nai Chi, Pasgaon, Naya Gaun, Ludhi и Dare.
Непалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медСекој кој ќе се осмели да се впушти во оваа авантура, ќе биде воодушевен од брзината и смелоста на ловците, коишто висат од карпите за да заработат за живот. Не е помал ниту восхитот од древните техники, кои до ден денеска се дел од богатата непалска култура.
Непалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див медНепалските ловци на див мед


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар