Неонска лимонада

Замислете си пијалак што свети и тоа не на филм или на слика, туку на вашата забава.Неонска лимонадаОвој рецепт ќе свети благодарение на 3 работи: тоник вода, ултра-виолетови светла и проѕирни пластични чаши. Да, да тоник водата содржи кинин и свети во темница. Сега ја знаете тајната како да си направите супер светкави пијалаци, сокови и коктели. Има многу пијалаци што може да се направат со тоник вода. Еден од нив е лимонада која секако ќе свети.

Потребно е:

  • тоник вода со кинин
  • сок од цеден лимон
  • коцки мраз

Направете коцки мраз од вода и тоник вода. Помешајте ги лимонадата и тоник водата. Претурете ја течноста во висока чаша за бело вино и ставете од коцките мраз.

Изгаснете ги светлата и забавата може да почне.Неонска лимонадаЗабелешка: Сокот од лимон може да го замените со сок од портокал или некој друг сок по ваш вкус.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. An4e Reply

    a kade moze da se najde TONIK VODATA???

  2. me Reply

    kakvi se tie ултра-виолетови светла???

  3. me Reply

    i za sto se koristat vo pijalokot???

  4. Pero Reply

    A koga kje mocam kje sveti mokracata? Kje ja farbam soljata ili ne? Ve molam za pobrz odgovor.

Остави коментар