Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпи

Североисточно од планинскиот масив Сера де Естрела во Португалија, се наоѓа осаменото село Монсанто, кое целосно е изградено помеѓу големи карпи. Куќите во ова место се набиени помеѓу огромни стени, кои ги разделуваат тесни калдрмести улички.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиИзгледот на селото се нема променето со векови. Дел од куќите имаат влезови изработени во Мануелски стил (португалски стил за архитектонски орнаменти од почетокот на 16-ти век), а рушевините од замокот кој бил замислен да изгледа како населба, даваат фантастичен поглед кон планината.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиВо 1938 година, на едно национално натпреварување, Монсанто било изгласано за „Најпортугалско село во Португалија“, па оттогаш со градежни рестрикции било овозможено селото да постане музеј на отворено. До селото не е лесно да се пристигне со јавен транспорт, но неверојатната панорама, пејзажите и живописноста на селото, вредат за да тргнете на едно далечно возење. Доколку патот ве однесе кон Португалија, не мислете се, појдете и уверете се во убавините на ова мало парче рај на Земјата.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар