Неодолив танц на 2-годишно детенце

Неодолив танц на 2-годишно детенце

Вилијам Штокебро има само две години, а веќе знае како да ја „запали“ сцената. Преслатко танцува на песната „Jailhouse Rock“, обидувајќи се да ги копира движењата на неговите родители Кристина и Питер, кои се шампиони во танцување. Изведува уникатна детска верзија на тешкиот американски танц џајв, која слатко ќе ве изнасмее. 🙂

Неодолив танц на 2-годишно детенце

Погледнете го неговиот неодолив настап и реакцијата на публиката. Ова детуле, навистина е родено да танцува.

Џајв е исцрпувачки танц, кој подразбира енормно трошење енергија. На натпреварите се игра последен, со цел танчерите да покажат дека сè уште имаат сила, односно дека не се исцрпени од претходните неколку настапи. Тој настанал во Америка со исфрлање на акробатските елементи од танцот јиттебург. Опишан е како танц во кој настапува општа еуфорија и кој се игра со партнер, но и со публиката…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар