Необични желби и тестаменти

Иако тестаментите вообичаено се користат за да се дефинира наследството, некои луѓе ги имаат искористено за политички цели или едноставно за да направат шега. Еве ги 10-те најчудни претсмртни желби и тестаменти од познати и помалку познати личности:

Необични желби и тестаменти

1. Последната желба на римскиот поет Публиј Вергилиј Марон била да се запали неговото најпознато дело, епопејата „Енеида“. Во неа ги обработувал „Илијада“ и „Одисеја“, но за разлика од Хомеровите 24 епски песни, Вергилиј успеал да заврши само 12. Токму поради неуспехот да ја комплетира „Енеида“, побарал таа да биде запалена по неговата смрт. За ова дознале неговите пријатели, кои едвај го разубедиле во намерата и го натерале да ја тргне оваа последна желба од тестаментот. Се согласил со нив и дозволил поемата да биде објавена.

Необични желби и тестаменти

2. Вилијам Шекспир посакал неговиот втор по удобност кревет да го добие неговата сопруга Ен Хетвеј. Оваа чудна последна желба на познатиот англиски поет и писател била дочекана со многу шпекулации. Некои тоа го сметале како навреда за Ен, а некои на тоа гледале со голема почит, бидејќи биле убедени дека креветот е брачен и затоа е од големо значење. Во тоа време било тешко да се поседува скап кревет, без болви и други штетници.

По неговата смрт, јавноста ја разбранувал и епитафот на неговиот гроб: „Благословен нека е секој што ќе го сочува овој камен, а проколнат тој што ќе ги помести моите коски“. Ова некои го сметале како предупредување за крадците и за посетителите, но сите се плашеле од клетвата. Дури и по смртта на неговата сопруга, никој не се осмелил да го отвори гробот. Таа починала седум години подоцна и била закопана на друга локација.

Необични желби и тестаменти

3. Необична е и последната желба на еден од најпознатите романсиери во светот, Чарлс Дикенс. Тој побарал на неговиот погреб, ожалостените да не носат црни шамии, марами, наметки, црн лак или како што напишал, и други одвратни работи и апсурди. Тој не сакал погребот да биде јавен и сметал дека времето и местото не треба да бидат објавени. Побарал едноставен и евтин погреб. Но, овие негови барања биле занемарени. Неговото погребување станало национален настан.

Необични желби и тестаменти

4. Џорџ Бернард Шо наредил да нема богослужба на неговиот погреб и на гробот да нема форми на крст, инструменти за тортура или симболи за принесување жртви. Овој британски писател, романсиер, музички и драмски критичар од ирско потекло, очигледно бил „скаран“ со религијата.

Бернард Шо бил фасциниран од идејата за реформирање на англискиот правопис. Тој измислил 40 букви во фонетската азбука, со што значително го поедноставил спелувањето. Тој оставил голем дел од наследството за промоција на новата азбука. Но, судот го отфрлил ова барање и парите ги пренасочил за Британскиот музеј, Националната галерија на Ирска и за Кралската академија за драмски уметности.

Необични желби и тестаменти

5. Последната желба на Бенџамин Френклин се однесува на неговата ќерка. Преку тестаментот побарал таа да не го троши залудно времето во бескорисно носење скап накит. Корените на ова чудно барање се во Франција. Френклин, за време на неговата амбасадорска функција во оваа земја, добил подарок портрет од кралот Луј XVI, во рамка изработена од 408 дијаманти. Овој портрет го оставил во наследство на ќерка си, а со барањето сакал да спречи таа да ги искорне дијамантите и од нив да направи накит. Френклин е познат американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Како физичар е заслужен за откривањето на громобранот.

Необични желби и тестаменти

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар