Необични карактеристики поради кои би ве прогласиле за вештерки во минатото

Необични карактеристики поради кои би ве прогласиле за вештерки во минатото

Благодарение на разните легенди и традиции, сигурно знаете како да препознаете „вештерка“. Во минатото, луѓето верувале дека вештерките се одликуваат со одредени карактеристики што денес се сметаат за вообичаени. Па, дали поседувате некои ознаки поради кои би ве прогласиле за вештерки?

Необични карактеристики поради кои би ве прогласиле за вештерки во минатото

Порано се сметало дека вештерките имаат белези. Според некои, тие биле знаци на ѓаволот, но некои не оделе до таму. Вештерките всушност не веруваат и не му служат на ѓаволот. Вештерите и вештерките најчесто биле свештеници и свештенички од старата религија.

Во периодот кога обични луѓе биле убивани како вештери и вештерки, на многу невини мажи, жени и деца им биле одземани животите поради тоа што имале младежи или чудни израстоци. Денес, знаеме дека нема ништо необично кај луѓето кои имаат брадавици по телото, но тогаш тоа било доволна причина за да се убие некого.

Најчестите белези што ги имале „вештерките“ биле вишок брадавица, тртка, дамки, па дури и лузни. Се верувало дека вештерките ја користеле вишокот брадавица за да им овозможат на нивните следбеници да цицаат крв од нивното тело. Многу луѓе од страв си ги отсекувале брадавиците за да не бидат прогласени како вештерки. Сите необични младежи се сметале за вештерски карактеристики.

Којзнае, можеби луѓето кои имаат вакви белези се реинкарнации на горенаведените свештеници и свештенички. Па, дали и вие имате вештерски карактеристики? Дали во минатото би ве прогласиле за вештери или вештерки?

Доколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте ги следниве 17 причини поради кои би ве прогласиле за вештерка во 1693 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар