Необични и откачени закони ширум светот #2

По првата тура откачени закони, следува и второ урнебесно продолжение.

1. Во Турција сите мажени жени кои сакаат да се вработат, мора претходно да добијат дозвола од нивните сопрузи. Жените мораат да живеат онаму кај што сакаат нивните мажи. При развод, жените го губат целиот заеднички имот кој е стекнат во текот на бракот.

2. Во Италија секој маж кој носи здолниште може да биде уапсен.

1-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetot-2-kafepauza copy

3. Во Јужна Африка потребна е посебна лиценца за да купите телевизор.

4. Во Австралија, само на електричари кои имаат законска дозвола, им е дозволено да менуваат сијалици.

2-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetot-2-kafepauza

5. Додека возите автомобил во Данска, мора да има некој кој ќе оди пред него со знаме за да ги предупреди запрежните коли водени од коњи, дека моторно возило доаѓа на патот.

6. Секоја канцеларија во Германија мора да има прозор со поглед кон небото, макар и мал.

3-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetot

7. Во Тајланд е нелегално да излезете од вашиот дом, доколку не носите долна облека. Исто така, додека возите автомобил мора да носите маица.

8. Во Швајцарија е забрането да пуштате вода од казанчето во тоалетот после 22 часот.

4-Neobichni-i-otkacheni-zakoni-shirum-svetot-2-kafepauza

9. Во Сингапур оралниот секс е забранет со закон, освен ако се практикува како дел од предиграта.

10. Во Камбоџа, пиштоли на вода не смеат да се користат за време на новогодишната прослава.

Необични и откачени закони ширум светот #2

11. Во Мексико велосипедистите не смеат да ги подигаат стапалата од педалите, бидејќи тоа може да доведе до губење на рамнотежата.

12. Во Австралија на децата не им е дозволено да купуваат цигари, но смеат да ги пушат.

еобични и откачени закони ширум светот #2

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Huhu Reply

    hahahahahahahaha…pa i nie se priblizuvame poleka poleka, kako trgnaa so zakonive…c c c kaj otide svetov beeeeeeee alooooooooo

  2. Branko Reply

    Za Avstralija i sijalicite e apsolutno netocna informacija, no sigurno e interesno da se procita ako ne zivees vo Avstralija.

Остави коментар